Вчера не можев да заспијам цела ноќ, сабајлето во 10 негде заспав. Од премореност и исцрпеност. На психичка база. Да беше на физичка ќе заспиев ко топ. Ама психата не дава да заспиеш, те мачи, те тера само на преиспитување. Го нервира кога зборувам како да ме мавне нешто би ми ги скратило маките. Му ја гледам болката во очите. А јас онака тоа лежерно низ насмевка му го кажувам. Ама кога ќе ме стегнат градите, кога ќе ја осетам болката не ми е сеедно. Пак се фаќам за животчево, какво и да е, кучешко, никакво. Денес. Денес можеби ми беше малку подобро од вчера, а за утре ќе видиме.
Се разбудив од сон и почнав да плачам. Почнав да липтам и уште не можам да се смирам. Ме фати некој страв, морам да се изнапишувам. Сета тага во мене ја осеќам собрано, не може да излезе... Немам толку солзи да ми ја преточат тагава надвор од мене... Ме стега грло, ме стега срце, ме стега цело тело од болка. И солзиве не запираат, но не ни помагаат. Ладно ми е, во душата ми е ладно. Таму порано дојде зимата. И физички ми е ладно, ама не знам дали се тресам од што ми е ладно.... Зашто ми е толку тешко? Поради се`, поради таа една случка вчера што не знаев колку ме потресе додека не се начукав, тешко ми е поради него, тешко ми е поради неа... И некако како сите да се во заговор против мене. Луѓето што највеќе ги сакам како да се во заговор против мене. Сега во 6 часот сабајле, јас станата од спиење си корнам од плачење, си корнам ради страв, страв од проклетиов живот и што се може да донесе... И не знам како да се смирам, не знам како да се помирам со судбина... Не можам да се смирам кога контролата не е во мои раце за некои работи... Ете така, се осеќам најмизерно, останете ми со здравје. Јас се враќам на моето хистерично плачење... И обидување да заспијам.
смрзнато ,пиев едно топло ама сега ке следи и чај ,ставајки ги клучевите на shopov мој ми испаднаа ,редејки го топлото лепче ми испопадна,не ми функционираат од ладново
горда сум затоа што исполнив се што замислив за изминатава недела, многу петки добиени со труд и затоа мислам дека си заслужив едно искачање кое што ми го мати моето чуство на гордост и ме тера да мислам колку можам да се погазам себе си за внимание на некоја личност на која речиси и не и текнува на вас али сепак убаво си поминав, ако ништо друго убаво искачање со другарки на секого му годи НЗС се чуствувам добро
Као пустински кактус! Вака ко ќе ме видиш, лепотица, бајче ( смајле.што.се.чука.в.гради.од.фалење ) ама и на метар боцка, сув, пржи корни. Wаааааа, еден од оние денови кога сакам да сум машко
Mрзлива, но сепак вредна. Добро, но и малку депресивно. Најадена, а сепак гладна. Хорни, и да уште хорни. Баш како шо и требе да се чувствувам во ПМС
Нервозна, напната....Нормална појава последниве две недели за жал.... Премногу за учење, ај остави тоа, туку и нешто околу него ме мачи длабоко во мене, особено денес....
Преубаво, мозокот ми е прочистен со свеж воздух, 5 часа во природа, прекраснотија! Е сега кога ќе ми текне дека имам за учење па можеби малце ме прави ДАУН ама се на се, убаво се осеќам!
Денес чувствувам дека проклетиов ПМС си игра пинг-понг со мене и моето расположение. Час плачам, час се смеам.....се на се, журка си прават хормониве
Насмеана сум денес. Откако станав, па се‘ до сега. И трае Насмеана бидејќи имам луѓе кои животот ми го прават весел, исполнет и прегрнат, убав и миризлив како зумбул.