Убаво,позитивно,насмеано.Е сега малку ми се спие,ама ќе ми помине.Почнува да ме фаќа страв за државниот испит,ама кој би останал рамнодушен на тоа.
Мислам дека до времето е што денес повекето се чуствуват уморно,ненаспано.. :? и јас денеска сум навистина не располозена,дури започнува да ме зафаќа некоја депресија,немам желба ништо да работам
se pridruzuvam vo grupata neraspolozeni,umorni..bezvolni..za se e krivo promenlivoto vreme i PMS-ot :?
Леле вчера многу лошо си поминав со она телено мое, и денес денот ми беше тапа, ама ама верувале или не, прееска добив прекрасна вест, понуда за работа надвор од Македонија, и тоа по струка !!! Не знаете колку се израдував и прифатив со големо воодушевување, блиските се скептични, мајка ми вика дека сум ко мува без глава Па да, и таква сум, едноставно ,,узимам све што ми живот пружа,,. Мислам дека шанса ретко доаѓа. И така ... радосна сум многу
Одлично и покрај неуспешниов денот, не знам од каде ми дојде и како ова расположение ама насмеана сум седмица до седмица
Главно добро се чувствувам... иако вчера бев малку разочарана од една личност, иако тоа што се случи не ме засега мене лично, сепак, знам како е да направиш некому такво нешто и да го повредиш (се ставам себеси на местото на повредената личност иако не ја познавам толку добро)... и затоа се плашам... многу се плашам такво нешто да не ми се случи повторно.... Шајнингстар, прекрасна вест! Убаво е да се слушне нешто позитивно и со среќа да ти е вработувањето!
Замисли...бели завеси,широко отворени врати,балкон и поглед кон синило,мириси на море и мир во душата...го гледаш него како спие,му се мушнуваш во врат и почнуваш нежно да го душкаш,галиш,скокоткаш,а тој сонливо го трга чаршавот над глава...мрррр...уште мижи,а бара мирис на кафе,а ти го галиш ли галиш... Парче рај и желба за авантура,јавнати на модерното коњче,со мапата во рака на некоја си непозната раскрсница и весело се расправате кој е вашиот пат,а по кој и да тргнете знаете дека нема да згрешите.Често сакам само такви караници да имам во животов,најпосакувани ми се...Сончевина по кожа,мирис на кокос и бескрајно уживање во мојата природна средина,моренце се рассинило,а тој ме напаѓа и ми вика на цел глас цела плажа да го слушне...време е за давењееееее...и душата ми ја вади дур не исчистам синуси,ме спрема за зима! Релаксирано дреме на сонцето додека јас тонам во приказни и дофрла по некоја паметна досетка и ... што вкусно ќе јадеме денес?!Ммммм...летни задоволства... Зајдисонца,прегратки од зад грб,прекрасно молчење,обични погледи со специјални пораки,нашата соба со отворени врати кон балконот,пурпурно небо,фина закуска,мирис на кафе,чад од цигара...и...ајде само ќе ги навлечам завесите... Еееееееееееееееееееех...нешто многу живеам во спомени и нешто многу ми се сонува денес,нешто многу ми недостига и нешто многу ми се оди на одмор за кој ќе почекам уште 3-4 месеци...Нешто многу сум заљублива во работи кои ги имам со години и нешто многу закам да фантазирам... И ќе си речам,во време на многу ограничени коњи,јас летам слободно како пегаз... И да,мажи кои не можете да се носите со жени со силни облини и чуден карактер ич не се чепкајте,сакајте си ги вашите девојки со анорексична,момчешка граба,мојата вага покажува 51 кг
Сабајле стопати го преместував алармот, прво во 9 да ѕвони, па во 10, па во 10 ипол, за да на крај, се разбудам во 11 и 15 и да се упаничам дека каснам на колоквиум. Ама се помина ок. Дур пиев кафе, па миев заби, се облекував и од нога прелистував куп информации за колоквиум, успеав да фатам пола филмче - Џуно, да скршам чаша, да направам ненормален хаос во соба и да си ги скршам цвикерите , каква смотаница! Колоквиумот го средив, немам гајле веќе, надвор врнеше и ужасно се чувствувам кога морам да газам по вирови со моите драги старки. На враќање накај дома, му пратив еден куп искрени и по малку двосмислени пораки, за да си ја прочука главата, зошто не трпам тишина и голтање реченици. Автобусот се закрчи у сообраќај, имаше некоја делегација изгледа, и од Бит пазар до Карпош се возев 45 минути! :twisted: :? Со тоа време до Тетово и назад ќе дојдев бре! Сума сумарум, нервозна сум, и продуктивно ми влијае тоа на постов Му се јавив прееска, му кажав се што треба и не треба, па сега што сака нека мисли. Јадев грашок, уште сум настината и не му го осетив вкусот. Плус, кивам, носам четири пара блузи на мене ко некоја баба и само зобам некои грицки, а не ми се ни јаде! Ужасно го мразам утрешниот колоквиум и ќе читам касно вечер, зошто сега сакам да си дремам на нет, да пијам чај и да не се замарам со глупости. Ве поздравувам. Многу би сакала гушкање сега, просто ми се плаче. ПМС изгледа... Ах, жени...
Се чувствувам како да имам огромна дупка во мозоков,ми шишти на сите страни и одвреме навреме ме мава промаја.Не,не се жалам,само не можам да одредам дали чувството е ослободувачки безгрижно или болно апатично... Се чувствувам како да можам да победам се и сешто,да направам или да уништам се,а немам желба за ништо. И после долго време не се обидувам да разберам ништо,а не сум збунета,само ми фалат одговори кои никогаш нема да ги добијам.А,ако нем можам да ги добијам,можам да се ослободам од тешкиот притисок на прашањата.И токму тоа се обидувам да го направам.......
Чудно. Денес се сликавме за на табло. Стигнав матурантка. Убаво е. Прекрасно е. Не верувам дека сакам да се вратам назад, не знам што би правела.. најверојатно истото. Што да сменам - верувам дека ќе сум стигнела на истово. Мала безизлезна ситуација. Напред - назад, лево - десно, горе - долу. Пак се закачив на едно прашање. Не си сум спремна на тоа.. не си нели? Сакаш да живееш слободно нели? ДА ДА.. викни силно ДА. А него НЕ. Можеш? Оф... добра си ајде.. ќе помине се. Колебливо се осеќам. Таква сум по природа. . . . . Друго.. како се чувствувам? Добро. Многу добро. Задоволно. Сакано. Изненадено. Ама пак ме јадит нешто.
Онака... Ми се ближе роденденот, не чуствувам никаква еуфорија. И така нема да ми се исполни желбата да славам роденден со многу луѓе. Другарките нешто ми спремаат, а мене не ми е многу важно. Сакам само тој да ми го честита роденденот со топла прегратка и бакнеж на образ, дури тогаш овој роденден ќе го прогласам за најдобар. Сега си пишувам со него, знае само дека чуствувам симпатии кон него, дали му досадувам што му пишувам на мсн? Зошто се губам по него кога знам дека немам шанси кај него? патетеична сум... Не личе ова на мене!