Не знам Умот во едно нешто ми е, да, ама зад него ми мафтаат уште стотина други битни и помалце битни стварчиња Ми фали излегување, ама онака „машко“ и здраво, со дупла доза коњак и барем еден секси шанкер, способен да флертува. Не сакам некој мац мац, кој ја витка опашката само затоа што знае дека имам дечко. Ми треба тоа, па ќе се чувствувам таман. Знам. Ахххххх женска главо, кажи само колку тоа напати е убавооо
И јас исто одамна се прашувам. Ама не трга бре пустото, се закочило тркалцето на мизерија и се таму си стои, никако да се сврти. Во оваа црнава дупка ни зракче светлина нема.
Сакам да си го гушнам плишаното мече и да потонам во сон. И да се разбудам на пролет, по можност. Се скрати денот, ми го земаа сонцето, мизерно ми е.
Без љубов знам ќе те проголта овој град без гордост и без срам, ќе останеш без дела за вреднување, ќе останеш без моќ и магија било што да промениш... (ме проголта овие два дена.. и уживав таква голтната.. нека секој ден е таков ) Док, вечерва ти биди грдиот, јас ќе бидам убавата
Ги гледам некои луге како се мачат да бидат забележани , неприметувајки дека ако природно се понашаат и ке успеат во тоа.... Ги гледам нив и си викам па ти треба да си среќен што си се родил во таква прекрасна фамилија , со луге кој те сакаат и грижат за тебе.... Се ЧУСТВУВАМ ПРЕКРАСНО
тажно,,,,луѓето штом видат дека си среќен на секој начин ти го одземаат тоа , но јас ке сум силна, му возвратив и бев толку силна ,феминки само да ме видевте ,сите што се плашат од него само јас застанав со својот став и си го бранев моето право ,и не му поќутив ама баш ич,тој го повише тонот јас уште повеќе,се што реков беше вистина и не ми е мака ама баш ич ,а сега се оставам на Бог ,тој понатаму ке ги среди работите точно како што треба,а тој ,,,тој,, јас кога ке имам свој дом ,што ке го изградам со свои раце ,во кој ке живеам со мојот сопруг и семејство ,и она мило суштество за кое што се карав, толку бесно се борев против него како ѕверка,ние сите ке живееме во тој дом ,и тогаш ке видиме кој ке има дом а кој не ,затоа што јас домот го ценам како светилиште,а тој од кога сум дојдена во таа куќа ,немам поминато еден убав ден,се поради него ,кога ке му ја ускратуваш среќата на некој ,лошото ке те стигни ,а јас со нетрпение ке го чекам денот кога ке си одиме од таа куќа во нашиот дом
Како газда кој чека да му легнат пари на сметка а јас чекам 16 часот да си одам дома. Денес сум страшно непродуктивна. Таков е денот, ладен. Додека да се стоплат просториите бидејќи цел викенд не е топлено ќе дојде среда а претходно вторник па со 1-ви можда се оправиме со некој денар. Интуицијата не ме изневери ни овој пат (што жениште ќе да бев, страшна работа ама несум страшна колку што сум опасна ). Сакам повеќе Целзиуса инаку зимскиот сон не ми бега а зимската идила ја сакам на некое др. место, не сега и тука
Па со оглед дека моите чувства можат милион пати во ден да се сменат, за почетоко, ова утро сум добра, грлото помалку гребе, душата помалку плаче. Се фокусирам на учењето, не сакам да мислам, главата доволно ја измачував и дојде ред неа за одмор. Мило ми беше чао, е сега сум полна со елан за учење и негативното го изфрлам правец канализација, не сакам ни околу мене да кружи!
Станувам рано поради една причина,да учам. Аман! Додуша кој ми е крив кога чекам да се соберат 3 теми па тогаш да се свестам. Ама страшно е,стручни зборови,прва година ми е со вовед во право,збеснувам. Ме мачи помислата уште колку има,ме мачи помислата утре што ќе биде. Амаааааааан! Стварно се чувствувам никако...а уствари,малце ми дава надеж онаа релакс масажа на која ќе одам после со брат ми. Потребна ми е,баш денес,многу...
Не сум наспана Ама ми е гајле. Башка мене ми се чини, или фонтов е малце така зумиран, а? Ми студи во рацете.... ама си слушам Аеросмит и неќе да ми чуе