Што знам, збунето..не знам по кој пат да тргнам. Од една страна гледам далечина, само долг пат без крај. Се вртам на другата страна - исто. Нема некој да ми каже каде е крајот и дали воопшто има крај. Околу мене-никој..и така сама.. Денес таков ми е денот.. Работава е или-или..цело време ли ќе се мислам не е добро ни за мене, ни за тие околу мене... глупав ден! Не, јас сум глупава, денот си е обичен како и секогаш..
Напната, многу напната. Студентска служба да иде у неповрат. Како побогу да си извадам слободна без индекс? КАКООООО?
Болно.. душевно ццц Ме боли лево уво... ама вистински. Дел од настинката да ти е. Неубаво, не многу ама доволно да те дразни.
Подобро. Конечно. Знае некогаш да ја каже вистинската работа, токму она што ми треба да го слушнам, иако и самата до тогаш не знам дека тоа ми требало. И се чудам како можам да западнам до тој степен, не да западнам да пропаднам. Ама подобро да не се чудам, да не се вратам пак таму, ај да не си ја барам бељата. Добра сум, добра, да чукнам во дрво. Spoiler
Напнато,исплашено,веќе аман со тоа ЕКТС и студенски заебанции,животот ми го скратија за 10 години! Не е фер!
Јас сум денес па да речеме добро , но малку се инервирав кога бев на други сајтови и разгледував и кога дојде на ред КАЈГАНА си реков да го отворам нивниот форум да видам што има кај нив какви теми , дали се разликуваат од овие овде и итн. кога отворив имав што да видам.... се навредуваат ,напаѓаат,закануваат ... абе ужас ! И не ми беше јасно што е работата на тој форум демек кој кого да надзбори или да изнавреѓа повеќе не можеш да оставиш мислење свое одма се започнуваат кавги... мислам навистина па уште и ако си нов член одма те ругаат ко ти си нов немаш поим што е форум или што прочитав и што ме изнервира ко уфф која глупача си сигурно си од ФЕМИНА ... катастрофа се навистина , морав да го напишам бидејќи навистина ме изнервираа и искрено и зачудија со таквата меѓусебна комуникација
Како да присакувам да ми се фатиш за гушичкава моја Док Ја љубим овај дан, јер ово ти је само сан, ал знам... да могу... и знам да хочу А тоа што ја хочу е да си земам ужинка ко во основно што ни даваа, едно Вива сокче, грисинки, цвиќери и во двокатен да го извозам Скопје, т.е да ме извозат низ Скопје, бар и надвор од тоа фигуративното извозување да го осетам. Аустралија далеко била, ептем, така се осеќам. Убаво ми е бе, и денеска сум убава, а ти и денеска си грд. Ех, некој нема ни за лек, другиве вртат бе по сто на едно вртење, е ај да видиш тоа.. старудии, мирудии. Хм. До крастата моја ли е Док? Ма да ми се фатиш!
Толку многу работа а се си мислам дека немам време и си дремам и понатаму овде и си читам постови . Се чуствувам полна со енергија денес иако сум лута и гневна ама решив да си се средам и да си ја завршам зададената работа инаку ќе ги истепам сите Сонцево ме радува нека го има подолго Не сакам да се замарам денес а и утре, задутре не , не повеќе доста беше да си се одморам и јас малку
Грдо. Како една од сестрите на Пепелашка. Ананстасија сум јас моментално, мило ми е... Значи таму е интересното а?