Не како најсреќната жена дефинитивно. Само стомаков си знае што му се дешава по литро винце и на крај виски. Зошто ли ми требаше вискито?
Сакав вчера да ти кажам во сдк но син ми ми кажа ајде Озбилна доста ти е на Фемина сега сум тука и ќе ти кажам што сакав да кажам Тебе не ти е потребно никој да ти прати среќа ти не си ни самата свесна колку си среќна, одличен избор. Поздрав до тебе и сопругот а се друго полека ќе си дојде . Се чувствувам како да ме прегазил воз од истото тоа виски и јас се прашувам што ми требаше...
Се чувствувам олеснето, лабаво.. овие 7 дена ми траеја цела вечност! Сега повеќе не му се тантурам, трескам и акам. Ќе си чекам резултатчиња и што сака нека биди, па неможам јас здравјето да си го земам заради пусти полагања.. Денес сум кууул, ќе си ја видам и љубовта мојааа ммммммммм
Како боксерска вреќа. Мавана, тепана, влечена, рипана врз неа, омлитавена, раскашавена, удирана, малтретирана факинг вреќа. И сум толку преуморна, како којзнае што да сум направила. Волја за ништо немам, само сакам да лежам и да зјапам во таванот.
Се чувствувам најсвесно од кога и да е. Си ги сфаќам грешките и си знам каков сум. Знам дека со мене нема иднина таа.
Речиси...таман! Денес кога се разбудив со насмевка на лицето и си викам „еј баш денов е за ...магла, тикви, ништо денес, денов е шит, ама ќе се потрудам да го обојам по мое за да не откачам„, успеав...да откачам! Ама и го обоив, го ушлакав како никогаш досега, и сега среќна задоволна, ќе си легнам без вообичаените купишта мисли. Ноември блаааааааааааааааа... Досаден жолт несмислен празен месец.
ок ,,,,одиме кон подобро фала му на Господа ,поминав саатипол со моето кученце,кое што ме расположи па идам на работа таму уште еден гостин ми дојде ,мало маченце ,(не сум љубител ) на мачки но и тоа малце ме расположи ,убаво е кога имаш вакви животинчиња кои што ти даваат љубов