узасно, депресивно, како на боцки(сонував еден страшен кошмар(козичкава ми се ези кога ке ми текне на тоа)плачев ко бебе неколку часа едвај се смирив
Убаво ми!Се чуствувам исполнето без никаква причина. Смирена сум!Цело време си работам по дома ама некако со задоволство
Многу убаво се чувствувам и малку чудно ми е како може вака да ми биде после синоќешното пијанство (незапомнено)
Моќно! Возбудено! Но џабе, не ми се учееее, не, не!! Мрзла сум малку да, но кога слушнав дека вечер ќе има ЕМА на Мтв, се возбудив! Моќно зашто јас ги управувам конците хаххх
Ами така-така =.= Ме изнервираја некои глупи луѓе шо си го пикат носот секаде.. Но среќна сум што знам дека има некој што ме сака и ќе остане со мене засекогаш ...
Ерм...малце како потресена пошто интернетов ми падна повеќе пати отколку бројот на денови во кои Кардашијан беше во брак. А вака...ме болат главата и стомакот ама пак сум си среќна.
Неодредено, променливо... На моменти супер, на моменти се наоѓа некој да ми го расипе расположението.
Ами, решив дека уште почесто ќе се смеам и ќе бидам уште попозитивна, оти така ми е убавко на душичката! Убавко ми е, убавко. И покрај купиштата обврски, кои стојат без разлика дали се чувствувам убавко или неубавко. Последователно, подобро е нели, да се биде убавКо отколку неубавКо. Сега следува мојот омилен дел од денот кога сум дома. Недела вечер, јас ќе си легнам пред полноќ, ќе гледам нешто паметно на Дискавери/Виасат Хистори и ќе медитирам. Вууху!
Бизи биии. Енергично, полетно...Сега дури се смирив. Си ја пуштив Кранберис, песни од стариот албум...Ништо не може да ме врати толку брзо и реално во минатото како нивните стари песни. А вечерва сакам да се потсетам на минатото...На вас драги мои бест френдс, кои се изгубивме насекаде по светов, а пораки на фб и чат на скајп не е ни отприлика тоа што некогаш беше со вас...Колку ве сакав, знам и вие мене, колку плачев за вашите проблеми ко да се мои, колку се грижевте за моите чуства ко да се ваши...Колку само се разбиравме со поглед, ма некогаш и тој не беше потребен...Заврши со вас една ера, а и мојата надеж дека некогаш ќе имам другарски однос со некој каков што имав со вас...Ми недостигате и ве сакам
...Убаво. Цел ден ми е фино,цел ден се ќикотам и се смеам.А како и не би,кога цел викенд сум со него,будалетинката една.Ми прави фаци,се глупира,ме закача, понекогаш дури и од такт ме вади,ама кај можам да му се налутам бе. Ми го разубавува секој ден,па денес не е никаков исклучок. Се чувствуам одлично,среќна и задоволна,ама на крај и уморна.Ми се спие.
Добро Утро феминкии. Како сте денес? Како ви почна денооот? Мене ми почна со една лажица мед, чаша вода, една мандарина и сега ќе се факам за книга. Денот се познава по утрото, мислам дека мојот ќе е супер.
Стануваш сабајле во 8, ти мрморат над глава нешто.....ѕиркаш со едно око, тмурно никакво време и ај уште 10 минути под ќебе Не бре мора да се стане, нема тегнење како мачка денес за мене Едно пола саат на ладново возев точак (не е заради одрживање линија да се разбереме) Завршив што требаше и назад да го гушнам парното дома, па чајче па кафенце и сега еве да ви пошкртам по фемина и гитла надвор на друга тура обврски Мислам дека облачињава над мене натежнале, ќе ме боли глава до вечер уште сега чувствувам.....ама ајде ќе се издрогирам со кофеин и ќе се преживее Само да имам греење после бррррр :geek: