Баш како и што ми е, паднато од колоквиум, онака немам некои посебни емоции или секиранции, освен шо сум мотивирана цел ден за утре да учам, е тој да го положам! Инаку добра сум бе, еве чистев малку, си се средив, си направив амбиент за учење, и Ано летај над книга. Ќе учам, па што даде Господ тоа.
Феноменално ми е расположението.... се‘ до моментот кога ќе се сетам дека за учење имам. Е тогаш ми се чини сите облаци што моментално се над скопсково небо ми се истураат врз глава. Е неќам да учам бе, неќам Ај Хипи не трескај се. Било и полошо
Бурек, баклава, чаша црно вино, денов измислен. Некои денови едноставно ги бива. Или до ладново е, крцкањето на искрите додека собата ми е 39 степени и те како годи на увцето. А јас дома, сама, чекам топли бакнежи и добивам нежен секс, па се чудам кој го створи тоа задоволство додека ми се приплакува Ден, прекрасен, се чувствувам едноставна.
очекувајќи нешто, ете така се чувствувам, и секој ден исто, а не знам што ,само очекувам нешто ,нешто големо ,и убаво се разбира
многу убаво,конечно станав наспана без мисла одма да фатам книга,така да таа обврска за попладне ја оставам-сега малку ќе си се релаксирам
Се нишам како кантар. Исцрпена и изнемоштена. Нема сила за да застанам здраво на нозе.Се виткам како ѓеврек. Физички сум поразена но психички уште добро се држам.Не е време за предавање!
Иако настината, со стомакоболки, го слушам бендов, го следам видеово, и радост ме опфаќа. Колку е добро да си го зачуваш детето во себе! http://www.youtube.com/watch?v=fk1EtAYM ... re=related