Oдлично се напишав, т.е повеќето го препишав, па пораки праќав да гуглаат по нетови да ми кажат абре смешка снаџи се па живи така се праи тоа
Како покиснато куче на стреа од маалски дуќан. Ја оплескав ептен, ама не ми е гајле многу многу, се ќе биде океј, онака како што треба да биде.
Цеееееел ден сум поспана. И ништо продуктивно не направив, освен што бев до маркет. И да, иако ми се подрашириле фармерките, се‘ уште ми го оцртуваат пријателов од позади Или па можеби во нозете сум ослабела You wish Како и да е, Нескафе Стронг не ми бега вечерва
Заморна мислев кога ќе си дојдам дома ќе се одморам но заглавив на компјутереров со работа... ааа доста е за денес
Купишта работа, по болници со деца, 16-17 часа активности без престан, а јас - пресреќна! Со насмевка на лицето која не можам да ја симнам од вчерашниот ден исполнет со љубов и страст - за мене сосема доволно да им пркосам на сите предизвици што ги носи денот!
Грозно, ептен грозно. Рикам цело сабајле. Не ми се оди во школо, не ми се мрда никаде. Како да ме мавнале со чекан по глава.
Изгледа како да ќе настинувам. Носот почна да ми тече по малку,грлото ме боли колку да ми сигнализира,се тресам ми студи,.Уффф нај лош можен период за настинка.Викендов ми е толку испланиран,плус сум на свадба, плус треба и да добијам. Се надевам дека ќе успеам да ја стопирам настинкава.
Беден фрагмент. Ни половинка од едно цело. На „стаорец“ во лавиринт, како му е?! И пред да стигне... ете ти! Го зграпчува нечија рака, и го штима од почеток. Играта е, „заборави-заиграј се во некое ќоше!“ Лавиринтот е твој, можда несвесно си го создал Не се спие со чевли! Некој со право го измислил тоа „правило“. Се додека се чувствуваш како бегалец, се додека имаш во газот црви, работите ќе се такви... и реката некогаш мирува. Трчаш како бесно куче, бидејќи мислиш баш таму ќе ти е ок, тоа.. ти и не бараш всушност ок. Уште по пат си се предомислил и си видел милиони други ствари, пак си свратил да ги надушкаш, креваш нога, пушташ вода да одбележиш... ТИ си бил таму! Пф... јаката ствар. Секундарно задоволство, потрошна стока, со рок на годност една микросекунда. Се и ништо, ко увек. Ма, фак ит Док! Ги проверив сите ќошиња. Сеедно е. Ништо е! Ќе го пропуштам интервјуто... Немам волја да се објаснувам. Чуму све тоа?! Пред тоа сањарев цели неколку минути.... ау! Рекорд запиши. Мислев иљач ќе делат онаму кај АлХабибиКатарЕмироТамамЕкимУф Не локација, не местоположба е проблемот, а чувството. Скршено не се поправа. Му цури промаја. Ту мач спејс инсајд Блр.. блр...блр... Кратки стази му е мајката сепак! Торта и компот од вишни! Арно имаше кажано оној, ју дон’т хев соул, ју ар а соул, ју хев а боди. Затоа ќе си го наранам телото и ќе си ја за(б)лажам душата. Утре ќе го разубавуваме телото и ќе ја смируваме душата. Мистер Мускуло е спас.
Исполнето тотално. Мирна, спокојна Можам на раат да си учам, конечно домче, помеѓу моите најнајнајјјјмили шо си ги сакам нај ногу на свет! Гордоста моја се тие, уфффф, се би дала да сум си дома нонстоп, но не, време е јас да ги правам горди нив нели
Леле стварно било до Нептунов - се чуствувам СВЕЖО, оСВЕЖЕно, разиграно, насмеано. Жими се - живнав. Нептун - шамар ти мавам! Е така да си знаеш Не знам бре, да, во склоп на муабетот на Шилеа, многу ми текнува на она што го кажа Менка, многу ми е врежано во главата. Ај што го зграпчуваме денот како во грч, ама да се насмеевме? М? Се насмевнав. Кои хедонизми најобични, пообични од обичното ми измамија насмевка, не сте ни самите свесни. И им велам на колегиве, ок, знам, досадна сум, ама ако уште еднаш кажам колку е прекрасно имате дозвола да ми удрите шамар. Почнаа сите да се смеат а колешката ме ѕвекна по глава. Ме ѕвекна бе! Ау! И се изнасмеавме повторно сите. И чуствувам како светот да е мој, а јас за греотка ги поседувам само штикливе и можноста да шуткам лисја пред себе, да го погледнам небото над мене, и да му кажам здраво на сонцето, да го галам дождот или пцујам ветрот. Па што, токму во тоа е убавината да се живее. Ете така се чуствувам, убаво ми е и покрај тоа што сум затната како тенките канализациски цевки во Грчка. Шаб ме габри! Што би рекол Бјелогрлич во Бољи живот. Можеби подобро од ова и нема да биде. Ноември - просто ме изненадуваш
Како мува Како мува која ти шета пред очите и во моментот кога шлапнуваш со рацете и помислуваш дека лошо и се пише ги отвараш раце и гледаш дека ја нема.За неполна минтуа ја слушаш повторно како среќно си зуе. Ете баш така.Лошиот ден е веке зад мене и јас повторно сум среќна