Кај ми се спие, од сабајле на школо, па и вакцина ни ставија. Раката ми е цела здрвена Што значи.. дека не ми е нешто најдобро
Одличнооо! Цел ден планирам да учам, сабота е денот, немам време за депресии и да развивам филозофии за животот па од кои ќе ми се смене расположението
Денеска одлично, од сабајле си бев на роденден кај стара колешка, со стари колесшки, и си добив интервју за работа....но следува и ноќта...
Збунета и исплашена Со немир во душата и грутка во грлото. Во тешка дилема сум, не знам што е правилно, а што не е, што да се избере, која е вистинската одлука? А најтешко од се е тоа што вистинската одлука никој не ја знае Што ако погрешиме? Оф, неможам, едноставно неможам
Ооооо ми се одрона гооолем дел од карпата. Се чувствувам сто килограми полесно, сто пати помалце напнато од утрово и сто пати повеќе ненаспано И задоволно од самата себеси
Исцрепно! Денес ко лимон се исцедив. Испив прејко турско кафе, но не ми е доволно. Но повеќе неможам. Тахикардијата не ми дозволува. Ах.. Сега ми треба само една добра релаксирачка музика без текст која може да ме опушти. Мислам целата енергија само вака ќе ми се врати. Одам да барам нешто..
relieved конечно завршено со сите оценки за тромесечиево и задоволна сум прилично, дознав убави работи си поминав убаво денес се на се
Ужасно, Одвратно, Депресивно сакам да сум во некој простор кај шо ќе бидам сама далеку од цивилизација и да врескам најгласно шо можам дури не почни да ми одкажва грлото и сакам да плачам, да плачам и да одморам малку од се и се надевамм дека дури тогаш ке ми се стабилизира адреналинот кој ме излудува цел ден, ме стресе, ме униште кој за жал не знам и од што ми е вака можеби од самата ситуација која шо ги мачи поголем дел од млаидинава, работата, која за жал ја немам, не се издржва поќе
Од 18 часот навака-мизерно. Чудна работа. Воопшто не очекував..Нека биде, ќе помине. Секое чудо за 3 дена..Кај што има сила нема правдина
Цел ден чувствувам страв, ме обзема чудно, да не речам глупаво чувство на страв. Зошто - немам поим, или едноставно не сакам да знам. Денеска не би да се спознаам себеси.
Уф, убаво ми е оти е петок, ама кога ќе ми текне колку обврски имам, ми се дига секое влакно на косата. Ако, само за арно нека е. http://www.youtube.com/watch?v=-JhwxTen6yA А го меркам и небово, многу е побелено, се надевам дека нема да заврне снег додека не си отидам дома.
Многу лошо И физички и психички.Главава ме уби од сабајле, ладно ми е, ми се спие.А во меѓувреме, ми соопштуваат како овој пеколен ден ќе ми стане уште полош од што мислев дека ќе биде.Ми се плаче,а и една боксерска вреќа да имам би било добро...
како се чуствувам? нервозно, напнато, сите ме нервираат и ми се криви за се ладно ми е на рацете, ама ладното не го чуствувам од тоа што нервоза и бес чуствувам во себе спасот за ваквите денови се вика Бкомплекс со фолна киселина-колку да не ги иритирам сите околу мене и да не создавам непотребни караници
Многу се смеам наутро кога со малоно бебе ќе се разбудиме на неговиот аларм и двајцата така поспани се гледаме како удрени и молчиме.... и по кратко време двајцата се виткаме во ќебињата и продолжуваме да спиеме, каков аларм какви бакрачи И иако удрив уште една тура спиење после тоа, утрото ми започна со насмевка. Скришна насмевка. Насмевка на задоволство дека е петок и дека четврток беше вчера и дека помина. Задоволство дека се исплатеше таа недела-дена неспиење и јадење еднаш во денот. Задоволство кое започна и интензивно почна да се шири уште кога ми го дадоа тестот пред мене и кога го прочитав прашањето. Секогаш е така - паничам, паничам, а само што ќе го добијам тестот пред мене, сета паника и трема исчезнува и остануваме само јас и пенкалцето. Иако жалев што бев транспортирана од мојата првобитна позиција: омилено место на испит ми е врвот на амфитеатарот, од каде можам сите да ги гледам, а башка не мора ни многу вратот да си го напрегам додека барам инспирација во височини Денес сум опуштена. Иако надвор ладничко ми гледа, знам дека вечер ме чека празен стан само за мене, а набрзо потоа и долга ноќ пропратена со чај, колачиња во форма на и Сестра ми која не сум ја видела од понеделникот кога доручкувавме заедно. Среќна сум. И ми се може