И јас... Иначе се чувствувам прекрасно. Бакнежот е средба најубава на свет... Епа и е да ви кажам. И без разлика каков е. Битно да е од вистинската особа. Се осеќам мала во неговата прегратка и голема во неговите очи... Задоволна... А кога веќе Брајт го спомна сликањето... хмм... :roll: тука.... ај батали.
Не можам да најдам збор да опишам како се чувствувам... не знам... празно... или пак би рекла numb, како што велат Англичаните... не можам никако да го преведам, ама многу убаво кажува како ми е... Длабоко во мене го барам она оптимистично девојче каква што бев до пред година дена, во оној период кога ми се случуваа многу убави работи, кога светот го гледав низ розеви стакла и одев само насмеана од уво до уво, без оглед на сè и ништо, ама баш ништо не можеше да ми го расипе тоа чувство... а сега веќе не е така, се прашувам зошто? Можеби годините си го прават своето, можеби сум заситена од светот околу мене и сакам нешто ново.... не е дека не ми се случуваат убави работи, напротив.... сè е како што треба, а јас пак незадоволна... на крајот на краиштата и јас сум само човек, живо суштество....
Па онака...изморена сум и преку глава ми е од сите обврски кои само си се трупаат а јас никако да стигнам да ги завршам,ми требаат пари а немам скапан денар заштеда и сега се мислам од кај да најдам :? а и времето ме изнервира баш си беше убаво незнам што ми светна сега да скисне вака....и така...ништо посебно не чувствувам...далеку од ОК сум
паметно, нервозно, со неодреден ритам на чукање на срцето, ми се превртуваат цревата од време на време, но се тоа затоа што одам да полагам набрзо ќе се вратам во нормала
Јас добра сум прилично...ама луѓево околу мене променливи се како времето,се на мене се истураат... :geek:
Смрзнато се чуствувам,нешто ми студи иако е не е толку ладно надвор,по се изгледа ке си настинам чим ми пристудува вака,а тоа ми е така пред да настинам и кивам цело време,што не е вообичаено кај мене толку да кивам.Да ме види сега некој ке ми се чуди,како и да е ништо не си превземам,никакви мерки,нити пијам нешто за да не ме фати настинка нити ништо,го оставам организмот сам да се бори,да видам кооолку е издржлив,понекогаш и од самата помисла дека ке настинам,стварно ке си настинам иако е далеко од реалноста,ке се види после неколку дена ако ме фати тетка температура е тогаш стварно сум настинала.Штета што нема уште неколку смајлиња за да се доискажам,штознам некое шантраво смајли кое се тресе,со топлометар во раце
Изгледа и јас настинав... Значи ич ич ич ама баш ИЧ немам среќа...Ама едно си ветив : Во четврток ќе идам па што сака нека биде ! :twisted: Инает... Суво кашлам,кога кашлам нешто ме гуши,омалаксана сум,а одозгора на се и ме мачи нешто... :roll: А како ми се спие... успивањето ми влезе во навика Ама со него сватив дека и 15 минути ми се доволни за да се спремам
jas sum super denes, malku pospano popladnevo no ok e...koga ke mu ja legnam posle rabota kaj mamicka, i nema da stanam do utre a demek ke odam da gi vidam vremevo e tesko ama taman se pogodi sega koga mozam da spijam
ops: Отидов кај оној мојон од сабајле,удривме една тура ops: сега како нова сум А бев крш целата Значи за денес сум ОК
Ко разгалено детиште што вриска во продавница за играчки, а не му купуваат играчки. Што е право право е. Автоќотек треба да си удрам, еј!Гррррр! Ми се јаде. Се чувствувам буквално празно - во стомакот :Р Мама ми вика дека имало смрзнат бурек во фрижидер, да сум си го стоплела?! hock: Смрзнат бурек. Е баш ко тоа се осеќам. Смрзнат бурек бе. Свашта. :twisted:
Прекрасно. Вечер со девојките. Празни чаши и шишиња на маса....и искрени муабети... Боже, колку ги сакам, и колку сум среќна што ги имам. А утре... најмилиот. Имам изненадување за него. Знам дека ќе му ја разгорам страста... Морам да признаам дека се чувствувам моќно кога знам дека и после 12 години можам во секунда да му ја разгорам страста. А убаво ми е кога се чувствувам така...
Прекрасно ! :mrgreen: Само мама од сабајле ме изнервира не ме пушташе да не идам у школо... :evil: Услов... Ако не идеш на школо нема идеше и вечер... морав да одам... ама за среќа не ме испрашаа :mrgreen: