Со оглед на тоа што си дојдов дома после колоквиуми... ОДЛИЧНО... Веќе доручкував, пиев кафе, ручав... исполнет ден...убав ден!!! И не дека сум којзнае колку активна на форумов ама ете сакав ова да го споделам со вас. Ви посакувам убав ден на сите!!!
Ааа, па супер, феноменално, ќе го видам љубениот вечерва, узедно и ни е роденден така да... че биде интерсантно.
Имам само две грди миризби што треба да ги тргнам од себе... или бар да заборавам на нив. И единствена причина што не одев до сега таму беше што знам дека кога ќе ми се закачат, не се тргаат. Има да ме удават деноноќно. Епа фак...малку ќе се излудувам со реата. Инаку ок.
Денес сменив еден куп расположенија. Сабајле бев поспана, не ми се стануваше од кревет. Потоа бев загрижена поради денешниот колоквиум. Па среќна затоа што го положив со убави поени. Попладнето бев сосема опуштена како после колоквиумска. Сега пак сум поспана затоа што дејството на кафето веќе заврши...
Пореметено.. Мислев денес е денот кога ќе си кажам се што собирав долго време. Јбг, не бива. Затоа сум пореметена...
Празно... Ми недостига. Сакам да го гушкам, да го бакнувам и да му ги истегнам ушите... Ах да имав едно авионче, ах.
Исплашено...чудно...неописливо... Ми се врати се. Ме стега срцево кога ќе помислам низ што поминавме.. Болката е помала со време и ќе исчезне, но лузните никогаш!
Цел ден бев поспана и не знаев шо зборам, трескав глупости, а сега во ниедно време не можам да спијам . Едноставно, нели... одлично
Дождливо ,како денов денешен. Единствен пат во животов мој ваков ,таков и секаков да уживам во досадата која сама си ја создадов ,свесно и намерно. Подоцна ,околу 23 часот си помислив дека би било добро да го прекинам тој круг на здодевност и фреквентни проѕеванки ,па со еден повик си ја исполнив намерата. Мрзнев скоро 2 часа низ чаршија и назад,ама и тоа ми беше драго. Како награда за ѕемнењето ,добив на располагање цела печка ,за да се тегнам на неа колку што сум долга и широка. Е тогаш бев најрадосна
подобро , па и во дождливото време има малце позитива ,знаејќи дека после дождот иде сонце, во случајов ке дојде снеже,и на тоа се радувам