Денеска можам да викнам „хаба-даба-дууууу!“ и неколку пати може да го направам. Се вратив на старата зависност! Кафе, какво треба да се пие насабајле, а не нешто што треба да ти ја задоволи само кофеинската потреба. Е*ати само задоволувањето, без задоволството. И, зашто беше ова неколкумесечно тормозење.... минус калории! Ма иди лечи се. Гит ју туркишен шит. Тоа фалело бе Док да ми се ококорат очите по сабајлињата. Шала-ла-ла-лајјј! засипната сум малку ќе ме пардон-аш. Ова со кафево е дури поучно.. знаеш?! Има нешто и во ништото, можда и повише од нешто.
До пред две минути се радував си размислував како да се облечам кај ке шетаме дури планирав излегување во друг град,а од сето ттоа ништо,тој си најде триста изговори.Не се изнервирав ама ми спласна расположението.Сега се чуствувам тапа,досадно.
Капнала сум од умора. Овие денови не сум и многу редовна во форумот...немам многу време. Мајка му и татко му на маж ми дојдоа да живеат со нас и чистивме, средувавме, обновувавме...долниот спрат беше лом од книги, зимници, непотребни ствари и средивме и долу и дури си го направивме доста убавичко, само да ја немаше таа влага таму, ама здравје и тоа ќе средиме... Преуморна сум...
Се почна од увото! Као ќе ми поминеше од капките, ама не! Ме заболе и вилицата вчера Денеска и окото ко пуканка ќе ми пукне... и шилци по челово имам. Некој ми буши во главава Доооок!
Мирно! Слободно! Релаксирано! И со некоја вибрација во глава од синоќа Добра сум да, со оглед на тоа дека колоквиумската не ми помина добро, нема врска, не е последна, имам уште многу шанси кои планирам добро да ги искористам, сега овие неколку дена си ги посветувам ан себе и само на себе, знамзнам милион пати тоа сите го пишиме, ама ајде бе, како некој маж сум во нозите со влакна и мустаќот како Гоце Делчев Има да си се средеам тип топ шминка и фризура Шалата на страна, ајде синоќа си ја земав дозата за алкохол, добро е, колоквиумите поминаа колку толку, бар ми олесна, наспана да напоменам да, и конечно можам да им оддадам почит на моите најмили, филмовите. А сега одам да се давам во нив.
Имам херпес, болки во стомакот, ми брчи главата, се борам со инсект во соба, шишката ми стрчи како антена, на брков ми надвиснале мразулци... Може ли да биде полошо? Супер сум, ништо не може да ме сруши.
Не сум добра. Чувствувам како мозокот бавно да ми работи, се околу мене ми е чудно и како да не сум од овој универзум. Who am I today?
Се на се , денот ми беше просечен ,ама вечерва! Ми дојде се да испоубијам и на крај задоволно да ја напуштам просторијата ,without remorse .