Фено-мено-менално осечам се фено-мено-менално, кава за све! Јас честам! Не спиев синоќа, си гледав филмови цела ноќ. Абе да земе човек со метла да ме затепа, и тоа некоја испрашена некоја. Среќа исчистив во станов, па ќе мора од комшии да бараме и метла и прашина. Ни метла немам. Со правосмукалка јас Ете, се гледа колку сум ненаспана. Секогаш имам инспирација на претек. И возбудена сум малце. Едвај чекам да ми се јави..... а уште повеќе да го видам
Уф, уморна сум, а е едва 1 сатот. Незнам што му става на Мартин, почна да ме буди и во 4 сатот навечер. Бев го разбудила во 12, го најадов, го легнав, во 4 ме разбуди гладен, истото...,и во 9 требаше да сме на ортопед на контролен преглед, па се оспавме, во 8 и пол станавме и све на брзина. Фала Богу, добар е. Докторот ни се искара да не го ставаме никако во дубаче. Ако имаме директно во канта, дури да не го даваме на никој, по што ќе сме направили лоша услуга на некој. Ни објасни, деќа дубачетата кривјат многу ножињата и детето се учи да чекори со прсти па со пета, а не обратно како што треба да е...И после појдовме да видиме дали треба пак да му бијат бесеже, по што немало белег...за такси дадовме 500 денари за одење надолу-нагоре, па ги заборавивме плавите картончиња, па по такси од дома ни ги пуштиа...ах како сакам колаааа
Нареден пат кога ќе решам да се самоубијам, нема да биде тоа со пржени компири и сирење во ниедно време.. оти маката продолжува и денот потоа, а дека ќе прежиевам секако мора да преживееш да прераскажеш. Нареден пат има потешка храна да изберам со повеќе зејтин, ма има директно од фритезата да се насркам зејтин Ах! Сањао сам ночас да те немам и тоа стварно да ти било Не ги сакам избориве во животецов Док. Непотребно е да имаш милиони варијанти, а ниту една вредна.
Ово че бити добра ден предосјеќам! Шом он ми се јави, и со него денот ми почна, како вчера исто, од добро кон подобро оде. Крпичка во рака, чистење, генералка, после малку книга во рака, па после малку лап топ, каде без филмче
Денес се чувствувам прилично добро, да речам убаво кога не мислам на некои проблемчиња ама многу убаво ми дојде просетката на ноемвриското сонце само кога си дојдов дома почнав некако пак да си мислам на проблемчињата
Луѓе смрзнав на работа ни го исклучија парното.Не ми е добро ладно ми е во тенки хулахопки сум и сукња заникаде се чуствувам едвај чекам да си одам дома.
Денес сум ок(барем засега) Само што ми се јади нешто благо и мора да тркнам до продавница пошто ништо немам А иначе задоволна сум што си завршив една од обврските.Додека бев надвор лошото беше што измрзнав,еден ладен ветер што дуваше,ушињата мислев ќе ми паднат од што замрзнаа!Ама,напомош ми дојдоа едни дечки од промоција на 3во1 нескафе и така убаво се згреав од него,алал да им е.Бесплатно даваа на сред центар Мммм,обично го неќам,ама овај пат најмногу го сакав! Потоа ми годеше и пиењето на кафето во паркчето што беше блику и си седнав,а и шкрапањето на уште неколку интересни сликички Мхм,го носам апаратот со мене пошто знам дека има убави глетки сега.Не врни,па можи да се слика Убави жолти листенца на сегде,ко килимче,леле ама беа убави! Сакав да се фрлам на лисјата,да легнам и да ги фрлам,ама не не,неќам да си речат оваа што ја пуштиле вака да се шета,требало во болницата да си седи А потоа бев и до црква,онака ми се смирува душата кога сум таму...Made some wishes и се надевам да ме слушни Господ Многу пати сум одела така,некако сила ми дава тоа и надеж.Нешто од Бога,нешто од мене ,понекогаш и сами си ги правиме работите,така си е...Ете така,денес ми е исполнет денот.Кој рече дека не е убав понеделникот?
Чувствувам како да имам карпа врз срцето, како се гушам, тонам, пропаѓам... Ми се плаче, а не знам зошто..
Ко шлајм, онака р’кнат и залепен на ѕид. Постојам, се тегнам али боље никој да не ме види, затоа што ќе предизвикам несакајќи обратен правец на дигестија
Изненадена, благо разочарана... Толку а? Знаев и дека не се може повеќе...Збориме за длабочина, за чувства, карактер, за на крај да се види дека уствари сме плачеле едино за еден пар добри силиконски ци*ки...на крај краева тие најбргу не носат до целта, па и не прават популарни успат...Пуста желба да се 'биде'...