За некое чудо станав без проблеми уште во 6 и се чувствував мошне наспано. Па растрчував низ куќа и додека сите спиеја, јас си пеглав алишта, фенирав и пеглав коса, си правев доручек, варев кафе, се шминкав и како фурија излегов од дома во 7. Па после едно макијато во бифе, и еве уште не ми се спие. Енергична сум!
Како во ПМС, а не сум. Морав да станам многу рано, а тоа ладно, подмрзнато, никакво. Решив дека нема да гребам стакла затоа што патот и онака го знам на памет Очекував да ми се јави пред да оди на работа, а не ми се јави. И наместо да ушивам во глетката што ми ја пружаше најубавиот дел од патот, како поминуваше време, станував понтрпелива и понервозна. Се прашував дали е можно да не мисли на мене, и дали можеби страста опаѓа. Две солзи ми се стркалаа по очите - доволно да решам да се приберам зошто не личев на себе. Денот ме гушеше, ме гушеше тоа што го работев, ме гушеше односот на луѓето кон работата и кон другите луѓе. Со грутка во душата се вратив дома, нервозна зошто задоцнив за на базен, затоа што се што сакам после поминати речиси 400 км зад волан во еден ден, е да го доживеам опуштањето што го доживувам кога сум во вода. А дома - болно дете. Често ми се случува ова. Се нервирам за нешто што во моментот ми изгледа значајно, дознавам дека некое дете е болно (ова многу често го дознавам) и сите незадоволства и фрустрации се заменети со едно - до кога со болестиве... Макар што се работеше за незначаен стомачен вирус. Точката на вриење ми е многу ниска. Ми личи муабетов на годините. Притисок, обврски, го мразам периодов, ама знам дека уште еден месец морам да издржам. И така е секоја година. Секогаш си ветувам дека следната ќе се организирам на време за да не ми биде вака, и веќе 10 поминаа, а промени нема. Веројатно тоа е тоа, и треба да го сфатам исто како што 3 испити пред крај сфатив дека без оглед на сите планови, не можам да се откажам од кампањското учење. Денес се чувствував како инглишмен ин њујорк. Лост ин транслејшн.
нервозно, напнато, депресивно, затворено. онака мал контраст на мојата ведрина. мора да се случи еднаш во 2 месеци.
Досадно ми е и мн. сум разочарана од некои поединци. А не би требало, затоа што и никогаш не сум имала некакви надежи во нив, но баш оти ми е досадно се разочарав. Ми треба работа еден куп, а немам ништо за учење, немам ни некакви цели овој период, ептен сум заглавена меѓу правењето ништо. Не функционирам на ладно, рацете ми се модри од студ, носето ми е црвено, сакам цел ден да лежам дома на топло, ама сакам и цел ден нешто да работам. Немам никаква волја
не знам да го опишам чувсвово двоумење ,исчекување,возбуда,тага се чувствувам одеднаш,кога само би го имала одговорот
После 12 саати спиење, конечно се чувствувам наспано и одморено. Денот ми е исполнет со планови, организирана ми е секоја минута, а и расположението ми е на ниво. Можеби поради сонцево
денес се чуствувам како ми почна денот исто како екој ден ама ете денес некако више сум задоволна од себе си
Депримирана. Мразам вакви денови. Цел ден се врткам насекаде, за една работа да завршам, и на крај, резултат-нула. Втор пат неделава.
Убаво. Чувствувам дека креативноста ми е на повисоко ниво денес. Добив интересна идеја, не знам како можеше да ми текне вака хаха, инаку денес исто сум затворена малку, не ми се разговара со луѓе, сакам да си уживам сама.
прекрасно се чувствувам. Положив финансиски менаџмент и тоа со 92 поени од 95. Морам да се пофалам дека имав најдобар тест, односно најдобри резултати за првиот колоквиум, од цела група Не знам што ми стана со учењево во последно време, сум решила просек 10,00 да имам
И јас како Ким,ми се седи сама и не ми се занимава со луѓе многу (е освен на ФЕмина) Ме боли главата (а и премногу спиев,ко заклана Аман веќе,сакам да има некој до мене да ме буди,иначе вака ко заспаната убавица...)Добро што мајка ми ми звона,па направив муабет и се расонив. Пиев и кафе ама ц,џабе.Едно аналгинче ќе треба да манам и едно сокче од портокал (добро што вчера си купив) :roll: Се надевам да сум подобро,па да можам и да учам...