50-50 Добро-Лошо. Денот ми започна не многу убаво, до пред 1 час, сега ми е убаво, и после знам пак нема да ми биде убаво. ПМС јбг.
Денеска.. деновиве, светот беше една голема „рисунка“... мнозината беа карикатури, малкуцка скици, а јас бев Скуби-ду со идиотскиот осмех.
Се чувствувам толку...неинспирирано. Да, тоа е зборот. Немам визија, не можам да ја замислам иднината. Загубено. Е така. Сосема загубено.
Само што станав, а еве некако главав ме боли, се чувствувам како вчера да сум била камен пијана па сега се трезнам
Кога се разбудив само си помислив убав ден плус петок каде ке одам вечерва и оп слушам дин-дон дин-дон и доага брат ми дадо стани дојдоа овие од интернетот Се средив брзо и излегувам ама фаца ко да ги јадам и во мене само ги пцујам зошто порано не дојдоа Па и тие едни смотани земаат да го подмрднат бирото и ги гледам го факаат со врвот на прстите и дигаат а тоа не се подмрднува Не знаат дека тоа чудо тежи 1 тон и почнав да им се смејам Ај не излезе толку лошо утро штом уште се смејам.Туку добро ми беше испланирано времето а сега ми останува само 1 час за учење,јадење,спремање за на проба и училиште
После цела недела релација Куманово-Скопје-Куманово, скапано ! Ненаспиена, а ми се искача ... утре пак сум на пракса ..само недела ми е слободна...ужас
Во душава боли, а срцево налик на смачкана бубачка, во грлово застанала кнедла и горчи....ама ставам насмевка на лице, секој ден им се насмевнувам на најмалку 20 луѓе, па и по некој утешителен збор им кажувам доколку е потребно, ги сослушувам ако имаат нешто да кажат Велат КАРМА - можеби и кај мене ќе и текне да проработи
Напнато, нервозно, имам некоја тахикардија, ме стега грбот и се некако ми е за никаде. Можеби бидејки имав многу стресни и напорни денови па сега се ми се собра појма немам. Сакам да се напијам некое апче ама се плашам да не сум останала бремена и не знам.
Скршена сум,немам волја за ништо... Саат ипол како сум разбудена, од кревет не можам да се помрднам, да се измијам и да почнам со денот. Кога ли јас ќе погодам на некоја личност,кога? До кога да голтам за се да биде добро, а пак не е на крајот? Ах ужасно ми е, немам сили повеќе