Lovely 3 пати од сабајле ме буди тој И 3 пати ми вика врати се утре те молам.. Мирна сум, ама уште збунета, денес ме чека учење, па шетање со најблиските да си се видам во родниот ми град
Убаво сонце ме разденува и уште поубава магла ми ги разбиструва мислите навечер. Духови пролетуваат повремено, јас глумам чистина, успевам да изигнорирам неколку недели, а потоа избирам еден бош по својство ден кога е најпогодно да си дозволам неколку секундна прединфарктна состојба, пуштам умот да врие во експрес лонец и потоа птичките повторно пеат, кравите повторно летаат, тревата е зелена, онаму каде ја има, а сонцето си грее и животот ми се смее. Та, му се смеам и јас. Си се смееме од лудило. Убав ден! Да!
Денес ми е подобро од вчера, за утре кој знае Недела со вкус на вторник. Убав ноемвриски ден, брзо музиче и брз доунлоад.
Ми беше многу лошо. Ама колку и да е, ми поминува. Колку и да е јак човек, убаво е еднаш да се исплаче, да се олесни. Во ред е и да мисли најнегативно, да мисли дека ништо повеќе не вреди... се е во ред. Само ако тоа не трае повеќе од неколку часа. После продолжуваме повторно да сме јаки. Не се чувствувам најдобро, ама најдов сила. Сакам да е се во ред...
Прекрасно! Денес сум исполнета со многу љубов и само со позитивна енергија. Се чувствувам енергична, и иако за мене денот започна околу 2 напладне, го прогласувам за продуктивен ден. Се чувствувам убаво кога ќе ги завршам сите обврски навреме.
Се кревам нагоре, не знам зошто, како. Уморна сум, но со сјај во очи. На работа, неделно, мирно, си гледавме кратки јапонски филмчиња со колешка ми, договаравме чизкејк парти за утре, некако без особени возбудувања. Сакам кога ми е така. Кога немам никакви сомнежи, кога се будам кај него, миеме заби и се смееме пред огледало, ме испраќа со бакнежи, а јас со торбичката со колачи како Црвенкапа, одам во челуста на Волкот - капитализмот, на работа. Кога гледам како Скопје во недела мириса на снег, спомени. Костените се одамна изедени, приказните раскажани и тивко чекаат нови. Кога преполната 22ка ќе се расчисти после Карпош 3, бабињата суперсонично фаќаат место за да не стојат, тинејџерите урлаат со хормоните до плафон и втор кат, а јас со слушалки на уши и Сузан Вега, патувам Дома. Дома ми е раатот, дома ми е сушалката за алишта, само таму сум своја и можам да си го смирам срцето, стомакот, душата. Да, нагоре, веројатно од радост и спокој. Убави вибрации чувствувам од месецов, верувам ќе траат.
Миризливо како изрендана ванила на жежок сутлијаш. Чисто како бебешка солза. Нежно како пролетно сонце кое нежно но сигурно ти ги грее коските. Меко како боите на полароидот. Волшебно како руска приказна. Шарено како облеката која ја носи Миа (пејачкана де). Возбудено бре! Ех. Пих! Мех! Си рипкам по гаќички и маичка и в’там со тоа мократа коса. Не би сакала да сум у Биг Брадр, може некои луѓе би се откажале од моето мрднато неделно јас. Шо го вртам светов бе - е баш така се чуствувам!
ме држи од вчера тажното денес ми се јави другарка ми после 6 месеци муабет си направивме и ме развесели малку, ама сепак сум лошо понесена од фактот дека не заслуживам вакви работи.. сакам да дојде утре да си почнам понеделнички со повеќе обврски кои не ми дозволуваат да мислам негативно..
depresija me faka..kaj i da e za nekoja nedela ke si odi znacajna licnost i nema da go vidam 3 meseciiiii !!!!! losooooooooo
Катастрофа носов затнат не мозам да дисам, а капак на се ми е и мазулево мое со супер идеите за мое леЧење. Откако сите стандардни медицински процедури не вродија со плод, преминавме на алтернативните првен поминав низ тортурата на мирисање лук, една недела ке треба кујна да луфтирам после испаднав кабаетлија зосто палаЧинки со последните јајца сум направила, варено јајце на ЧЕло било многу лековито , и еве сега у 02.30 либето мое компири вари, варен компир да ставам на синуси јас свакам Човекот сака у тисина да спие.....али ова е трагикомиЧно
Многу добро. Прва смена, плус немам за учење (што мноогу ретко се случува во Орце) . Така да осеќам дека ќе си се шетам денес, а можда и цела недела. Thank you God for this gift
I feel like i fish ххх џаст кидинг супер, интересно, забавно, малку нервозно ради тоа што треба семинарска да праам али добро, фино, ПРЕКРАСННО... Уствари, прекрасен е денов.. Љубов