Е како да се чувстувавм кога гледам само среќни луѓе, кога соништата полека ми се остваруваат, кога имам љубов покрај себе? Најубаво! Си ги сакам моите, посебно сестрите
Се чувствувам како да немам чувства сакам да сакам а не ми оди некако http://www.youtube.com/watch?v=VzC2Xu1G ... re=related
Ко некој налудничав фаќач на пеперутки Неколку пати денеска скокнав у обид да уловам една разлетана(разлетан е всушност). И му ги повредив крилјата! И?! Не треба, знам! Не е мое да на мушичка и кажувам „Будало! Ти не си пеперутка, а ’мушичуле’!“ Ама жаба пуста бе, иди па речи и‘ да не ги лови. Грев ми е, ама тоа пусто јазиче, иди па сопри го. Ма ништо страшно бре Док. Некои луѓе едноставно треба да си знаат дека ако сакаат да си играат, може и ти да се заиграш , да ти стане дотолку интересно што во секундата да ги смениш правилата на игра Уште потажно ми станува дури откако ќе си се фатам себе си како жалам за мушичката, макар што мушичкава ни секунда не потрошила жалејќи ја жабата што пробала да и лета во барата и да и ја контаминира со тоа мушичоидниот креп! А, инаку уба сум денеска, макар што не сум си во љубимата моја кожа! Докторе, докторе, душава ми се разболе... кажи што си сторив, оган што ме гори, докторе, докторе. Ни апчињата веќе не помагаат.. ее така е кога ќе им ги смалуваат цените. Нормално де ќе им ги смалат и фушарајски некакви ми носат Ма арна сум си Док, поарна амин.
Збунето... Незнам кој ќе биде епилогот од сето ова ама се молам да заврши добро. Грешев во минатото стварно грешев ама не до толку да ме гони до ден денешен. Мора овој пат да се заврши се добро МОРА зошто ЗАСЛУЖУВАМ да сум С Р Е Ќ Н А веќе еднаш засекогаш!
Ух како штотуку сум се спасила од давење. Мразам што сум жена и секој месец треба да ги трпиме овие болки буууууууу!!!!
Се чувствувам ужасно. Ми треба некој да ми каже дека утре ќе биде подобро, дека лесно ќе го поминам оваа што ме чека, дека лесно ќе го заборавам .. дека се ќе биде лесно..
по денешното измрзнување сега сум многу подобра, одложивме тест кој што загарантирано ќе ми одземеше добар дел од вечерта имам време до петок и сега си ужифкам и си се топлам
И денес и последниве неколку денови - како црна дупка во универзумот - голтам се што се’ наоѓа во моја близина. Проклет ПМС, се’ ми се јаде на секои 2 минути.
Dreaming my way out ! Ама, нели веќе рекле: „ако сакаш да ти се исполнат сништата- па, разбуди се!“... та еве, и со отворени очи си се матосувам. Зимбабве, шуд ај стеј, ор шуд ај гоу нау?! http://www.youtube.com/watch?v=LZk_HnE-cdU Ох, и соништава веќе не ми ги носат одговорите. У бестрага
Одлично! Излезе мој опус песни на Окно. Повелете линкче, ако ви се читкаат Седум песни http://okno.mk/node/15098
Ко да ми е потребен еден зимски сон. Сега да легнам и да се разбудам таму некаде кај јануари. Тоа да ги фатам празниците. Да си го наполнам стомакот и пак да продолжам со сонот. А сега сум како утепана. Мислам три дена ме врнело град. Неможам да се свестам кај сум веќе 2 часа. Станав се измив, доручкував и пак во кревет. Ја држам книгата во рака и читам. Слободна литература де. Се соживувам со писателката, и почнувам да ја обожавам. Но не ви откривам сега за која станува збор. Ќе видите кога ќе напишам. Знам дека повеќето ја обожаваат. Еве уште малку време имам за да се средам и да излезам од оваа просторија која ме гуши. Од овие четири зида. Но како ќе одам, кога пак незнам кај се наоѓам. Ах..
Колку-толку, подобро од вчера, дефинитивно Ви домашна атмосфера, со топло чајче покрај мене и еден слободен ден предизвикан од гадната настинка кој по некоја случајност ќе се спои со тој утрешниот. Како и да е изолацијата од надворешниот свет се уште ќе трае и утре.