Треба да одам во една фирма, за информации за еден проект, па се чувстувам возбудено, исплашено но во исто време полна со себе... Измешани ми се чувствата!
Во тишината на овој ден имам добар соговорник , звучи како илјада испреплетени гласови .... мислите ми се брзи и остри , научив да ги слушам оние кои јас сакам да ги слушнам , другите стануваат безгласни во своето постоење . И пак сме заедно јас и мојата душа...
Со недефинирана телесна температура сум цел ден, те ми студи, те ми е жешко. Си пијам далерончиња и чајчиња, ама не ми се седеше дома, па отидов да прошетам. И еве ме назад, малку подновена, нови чизмички на штикла со превртено крзно. Мама пак прави кифли, ама немам апетит денес. Многу обврски ме чекаат, а некои од нив едвај чекам да ги започнам. Summa summarum - ни јас самата не знам како се чувствувам...
Како и последниве неколку дена - смрзнав. Не е точно кога ќе рече некој: ќе си се топлам со чајче или топло чоколадо. Ај да те видам стопли се Ќе почувствуваш топлина при првата голтка, втората и тоа од внатре малку, ама ај да те видам стопли грбов измрзнат со чај, а?
како да се чувствувам по порака ,,извини ако те повредив,, а некој упорно деновиве ми го крши срцетоооо узасно, неиздржливо неподносливоооооооооо ми иде да го уубијаммм а го воедно
срекна-оти правиме 1 месец заедно јас и господинот тазна и загризена - оти на мамичка и е оштетено срцето од високиот притисок и ке мора да носи наскоро еден апарат за мерење на истиот 24 часа -треба да се копа, нешто парново прави бељи, и ако не се спречи на време Господ Семокен нека ни е на помош -на еден од бившите(се гледа дека уште му значам, почна да ми пишува да се видиме) а до пред неполн месец ке ме пријавеше во полиција и ова е по 100тти пат што се случува, циркузи -покрај се сеуште сум невработена, и се чуствувам бескорисна по дома -тато лошко не престанува да предизвикува нервози и караници по дома (ке ми прекипе еден ден, па ке го заклучам од внатре, да не мозе да влезе па ај после соли ни памет колку ти душа сака и мн др работи
Станав покасно тоа се должеше на твоето ‘‘малтретирање ‘‘ вчера и затоа не можев да станам порано ама ако станав сега и затоа се чуствувам среќно, исполнето а нема некоја посебна причина. Сега ќе си се истуширам , ќе си чекам една другарка и ајт на факултет на предавање вечерно школо одам јас а не на нормален факултет ама ако битно е да се дружиме . Имајте убав ден иако е никакво времево
Чукнато, кенкаво. Изедов сто лиснати тестенца, рум штангли, киндер јајце, ги испорасипав слушалките на телефонот, слушам Tupac, се смешкам нешто меѓу средно жалосно и ветровито, и знам дека секогаш вакви откровенија ми се случуваат кога има промени околу мене. Оној, езотеричен страв, како кога не знаеш во каква вода влегуваш? Така некако. Промени, но на поарно. И за поубо. Си кенкав во бус, му праќав мутави пораки на мачорецот, а он стандард ми враќа со :Aaaaawwwwwooooohaaaaooo, или во превод : Аман, опрај се! Што можам, хиперсензибилец сум деновиве. Сај си ја нашла пеперутката на љубовта, а јас сонував мошне морбиден сон вчера, и чиста среќа што се разбудив покрај љубовот, за да го стиснам толку силно покрај себе, што дури и ми се пожали. Добив позитивна критика околу песМите, а пошто ми умре циганката што ме фалеше, сама ќе си честитам вечерва, со куп добра музика и ќе ја вежбам песната, ми се ближи мојот сон - влегување во студио, алијас, мојот личен Рај! Тоа денес сконтав. Можда по стоти пат, ама повторувањето е мајка и татко на знаењето, нАли?! Пеењето и пишувањето ми го дефинираат животот. Промените на луѓето околу мене ме прават неизмерно среќна и длабоко тажна. Некој таков чуден луп доживувам. Не можам ни да го објаснам. Само верувам секогаш дека мора да биде подобро од што е сега. И дека ноќите завршуваат среќно кога си во стоплен кревет од Љубовта. Ништо, ништо на светот не може да ми го замени тоа чувство. Затоа, современ свету, капитализму, бркотнице и импулсивен Животу, запри малку. Ќе помирисам ветер, за инает на реалноста! Да, како медиум се чувствувам вечерва! Сите емоции пројдоа низ мене. Мора да сум 100% улава, или 100 % патетична. Што сакам, сум! Сум. Со Ум
Радосно и исполнето. Убаво е да видиш насмевка на нечие лице, дури и поубаво ќе се чувствуваш отколку нештото тебе да ти се случува. Неопишливо . Spoiler Посебно е убаво чувството кога ќе почувствуваш нечија радост, како девојката над мене. Соочувствувам со нејзината радост . јulie77 секогаш да бидеш така радосна и весела . Поздравче до тебе .
Р'жам, само уште некој да ми дојде гризам. Барем среќна сум што скоро имаме позитивен одгвор за простор за изложба, и Маријан стенд уп рече да!!!