Празно, глупаво, бескорисно. Сакам да се испразнам во темата на неделата, ама некако не ми појде од рака, повеќе би пишувала во некоја тема насловена некогаш и некаде, што знам... А толку бев среќна кога го видов насловот. Вина на времето. А што е виновно времето, освен што како бран врз песок ги брише трагите кои некои личности ги оставаат врз нашите животи? Времето е виновно што бледнеат некои спомени, времето е виновно што се појавуваат брчки на моето лице, времето е виновно што јас зреам, што се менувам. Ама јас сакам да знам што носи времето, што ме чека, на што да се надевам? Дали пак истите личности ќе дојдат да остават трага врз мојата широка душа, или времето ќе донесе некој друг, убав бран? Некогаш се плашам, не знам што ме очекува, не знам на што да се надевам, што сум заслужила. А толку сакам да се смеам, ама некако не ми поаѓа од рака денеска.
Значи колку и да се борам да не влијае дождот и времето и есента на мене сепак некако потсвесно тука се над мене виснати ко облак над мојата глава .... Или , ова е само некоја причина за да не го најдам вистинското нешто што ме мачи ? Се осеќам ко некој немир да ми навлегува во душата и да ја полни истата со некое гадно-миризливо неспокојно гнило цвеќе... Исто ко во сонот се наоѓам на средина во морето и незнам накај да тргнам. Незнам што сакам више. Незнам како ... А го барав ова, го барав овој проклет почеток. А зашто ? За да душата ми е пак немирна ? За да сфатам дека ни овде не припаѓам ? Сакам излез. Сакам сонце. Сакам љубов. Сакам мир. Сакам пријател до мене. Сакам кафете да го споделам со тој пријател. Сакам да не му зборам, туку од погледот да ми прочита. Сакам да чујам збор кој ке ми внесе мир. Знам дека многу сакам. Ама се ова ми е потребно за да се осеќам живо некако, да се осеќам мирно и сакано ...
Омалаксана и безволна. Мрзлив четврток без школо а се осеќам како да е недела. Знаете колку е убаво да си дома? Ваљда ќе се разубави денов ако ја натерам мајка ми да ме носи на шопинг.
Не знам дали да тргнам на факс сега Со оглед на тоа дека уште се осеќам вака И се си мислам дека до крајот на денот ќе бидам вака ?
Како суџук! Не знам зашто, ама претпоставкатата е дека вчерашниот ручек - питата со празиште е крива. Деновиве се мислев за враќање на местото од каде што започна се’. До сега го избегнував и си имав дебела причина зашто. Ама се што успеав да направам е да побегнам физички, да потиснам секакви емоции и голем дел од мислите. Ама со тоа што убавите нешта во мојата глава ги укакувам сосема, та и грдото и мизерното да добијат во обем и тежина, реално, не си го подобрив животот, не се ослободив од товарот, не станав посреќна, нити некого усреќив, впрочем како би, кога јас не умеам да се усреќам самата себе си.. пошто не, оние моментални,, мигновни крици на среќа не ги рачунам бре, јок! И што?! Само одложуваш и на рати го кркаш . И, ова ти е период што асоцира на бед, бед ту д’ боун багаж. А, кога ќе размислиш, та тукушто имаше еден таков период, кој што заврши, као и еден пред тој и впрочем цела година стана периоди кои се и повеќе од четирите годишни времиња. Не знам. Би трампала се што имам сега, ко познајници и шта ти ја знам пријатели со неколку кои не ми се тука и со кои ретко кога зборам на скајп или на фејсбук. Само тие знаат.. кога жабата збори, не кажува да и солиш памет и кажуваш што и треба што не и треба збори да се чуе сама себе си човече... стоп толкинг анд џаст би дер . Ете, тоа го немам Док.. го имав едно кусо време тука на форумот, ама ми исчезна поради ух! Анд ит’с ол мај фолт, џаст пут ит он мај акаунт Ама и покрај се,не знам бе како да ти опишам ... измешано со се има и некаква лудачка среќа. Трошки се,непостојана е, брзо згаснува ама па и како скокнува у најцрни моменти, онака без цел и насока на скокање, си рипка. Е, ај де, ај! ми треба некој вистински Док, Док туку ај А, да не заборавам, најубави сме си денеска.. мозок ита, свуда скита.
Убаво. Не мора да кажам дека ме мрзи, зашто тоа не е ништо ново. Се созедов малку, не ми студи како вчера, а со настинката водам војна и користам методи кои за кои таа не е спремна и не ги очекувала
По вторпат за денес, многу, многу ама многу, глупаво. Разочарано и никакво. Зошто некогаш не можам едноставно да не мислам и да не планирам за се однапред, да не бидам зрела и да се, всушност, како и сите мои врсници, не грижам за ништо... Па да ми биде гајле дали утре ќе ми останат пари за карта или гајле дали ќе преседам цел викенд дома, да поживеам малку во моментов. Да се испијанчам бре, да се влечам до дома,да не мислам на утре. Малку безгрижност, малкуцка само. Некогаш помислувам дека заради одредени дејствија од моето минато, премногу се грижам за иднината, и се сакам да ми биде строго подредено и без горчливи изненадувања. Поентата е што кога не препушташ ништо на судбина или на среќа, стануваш некако болно педантен и организиран. Почесто почнав да се фаќам во клопка како размислувам за нешто скроз трето наместо за тоа што треба. Ми фали нешто, а не знам што. Некој ден ќе ми се акнат од глава многу работи, само не знам кога ќе биде тој ден. Зошто живееме на забегано место каде што ако сакаш едно задоволство, мораш да се откажеш од друго. ЗОШТО се опседнувам со глупости и зошто постои ПМС... Добар е хороскопов на фемина денес, доста е добар. Знаете што, чкртнете го сето ова. Едноставно кажано, ми се плаче, ми се вреска и крај.
Заникаде.Моментално се чуствувам уништено. Полна сум со нервози и стресови.Ја потрошив сета сила.Немам воља за ништо.Учење,учење и само учење ,ништо друго.Сношти и на натпревар не бев поради тоа И јас сакам како останатите мои врсници да си скитам по цел ден и да не се замарам за ништо.А немам срце за да го правам тоа,сакам а не можам да си дозволам.Чуствувам како ми минат најубавите години залудно. Среќа што доага викенд па ќе здивнам малку и повторно ке вдишам воздух.
Take me out tonight Take me anywhere, I don't care... http://www.youtube.com/watch?v=DRtW1MAZ ... r_embedded Веќе човек да не знае како да се чувствува! Во некоја си средина каде луѓето се самуверени во својата глупоќа ти остануваат иронијата и сарказмот како светли точки во тој мрак. Капираш дека си на дното кога дури ни тоа не можат да ти го преведат добро, а всушност не знам и зошто се трудат да ми преведуваат. Пошо Русинката дојде тука на неколку дена, расположението ми порасна и тој некој си степен на асцојалност шо вриеше во мене, одеднаш целосно исчезна. Си ја повратив старата енергија, вулканот се активира и дечките трчкаа да ме гушнат оти нели забавната Магонолија се врати! Колку очајно... И двајца ми кажаа дека сум многу агресивна девојка. Не, не агресивна како нешто секси (како шо обично жените милуваат да си преведат) ами агресивна оти сум полна со енергија. Русинката вели дека така мислат оти не ме познаваат, дека сум сосема океј, но тие двајца за мене преставуваа голем демотиватор! Мислам дека ми фали инает во животот! Да, тоа ми фали. Мамо, те сакам!
Денес како пушка на сред бојно поле Се шегувам,стуткана на фотеља и не ги чуствувам прстите од ладно,времево е бла бла бла,успут и моево расположение.Искрено не ми е денес до ништо,мрзливо се осеќам...
За разлика од изминативе 3 дена кога се чувствував вака си го видов либето, ме излечи и сега сум ваква
Дали некој е свесен дека со еден збор може да те повреди? Каде е љубовта? Зошто луѓево се толку себични? Јас се истрошив.
Исплашено,вознемирено,хаотично... каков микс Боже, ми доаѓа да отидам во некоја кафеана и да се опијам до стадиум да не знам за себе. Се да заборавам. Цел ден сум расеана, не можам ништо да работам бидејќи мислам на тоа што најмногу ме мачи.А пак ко непишано правило тоа што најмалку го посакуваш и се плашиш и бегаш како од некоја чума,тоа и те снаоѓа. Не сакам да е вака,а трае со денови оваа неизвесност. Седум дена поминаа човече Ова е премногу за мене. Не сум спремна за уште еден удар...уште еден шамар... животов многу ми ги љуби образиве... не не и не. Аххх бре, не за џабе рекле некои си паметни луѓе дека среќата е единствениот удар кој би можел да те промаши во животот. Па така и се чувстувам во моментов. Не можам да му се израдувам ни на Петоков ,ни на викендов,ни на свадбата на другарка ми зошто не ми излегува тоа од глава До кога ќе ја играм улогата на Калимеро, ми се смачи... Сакам да се сврти тркалото на среќата на моја страна, сакам да бидам среќна! Сакам да дојдам пак на темава и да пишам дека се чувстувам супер. Сакам,сакам,сакам....сакам да сум спокојна. А зарем постои спокојство кога постои и сомнеж,м ?