Носталгија за минатото . Спомени ах спомени Избришав некои личности од мојот живот и многу лошо се чувствувам поради тоа, не можам да почнам од почеток, не можам, но не можам и да простам. http://www.youtube.com/watch?v=vTKEnyClayw
Изморено и осамено. Само што се враќам дома, дечко ми е излезен со другарите, нема со кого да си направам муабет, да се искажам за денешниот ден...Изгледа сепак ќе си зачувам се' за себе.
own: Навистина down И како се обидувам да се орасположам, така се повеќе задлабочувам во неубавото! Од времево е, никакво, магливо, студено невреме!
Леле (ете пак тоа леле) многу убаво бе! Малку гладно, желудников ми кркори затоа што сконтав дека немам леб, а СЕ без леб не ми се јаде баш а и не ми се меси. Ма онака, помина ПМС, Русиве напраија инвазија - здравствујте! и јас се препородив! Летам низ станов, си шкртам по форумов, си слушам многу добро музиче, ама многу добро. Има некои тематски серии на музика на VH1 и моментално ме галат ТиДва со нивните стари добри. Ах! Светка се, подготвена да мирисам убаво, да наметнам чизмичињата, волненото капче и ракавиците и да шарам и барам низ урбаноста на овој град. Многу убаво бе! Многу. Реинкарнација од мочуриште во езеро сум. Мирно, убаво, светкаво езеро. Тук таму некое мирно бранче али оно од убавина. Денов ми е школска петка, факултетска 10ка. Леле колку многу повеќе се сакам во вакви денови и сега сакам да сеам љубов и насмевки насекаде. Ете таква желба ми надојде. Денес се чуствувам убаво! Да. Бубамаресто, да не речам. А ќе речам. УИИИИИИ!!!!
Среќна сум Тешко ми е ова да го кажам но ако речам дека не сум па ќе излажам. Убаво ми е уште ме држи насмевката од синоќа.Одамна не бев толку убаво се почуствувала
Како во потписот на Хај. Како да ме удрил некој со тава по главата. Ај барем пробувам да се расположам со добра музика.
Ко да сум паднала од Маааарс Ко да сум дрецнала од високо,главата ме боли и сонвав глупости,а и ми се спиеше многу,мора да е ова ПМС,аман! Сега најде кога ми треба енергија за испитот? Ке се акнам Ке одам сеа да се освежам да манам еден туш,можда ќе е подобро
Онака,50-50 ден чуден до одреден момент,сладок исто така...малкуцка досаден и во исчекување за финишот т.е вечерта каква ке се покаже. Пред се беше убав сончев ден .....ххххххх