Како веџтабл. Преработувам кислород и испуштам издувни гасови. Ме фана една мрза откако цел проклет ден го изгубив со правење поимници, и сега комотно можам само да седам и да чмаам. Изгледав, одвај, еден филм, добар за размислување, ама прилично лош кога во сабота вечер те мрзи да го помрднеш прстот. А, бе, требаше да испаднам, од кога се токмам дека ќе одев таму, сејвинг мани енд стаф, ај, нејсе, бидна и тоа. Сега малко да си почитам и правец кревет.
Ми се спие Ужасно А го чекам да ми се јави. Ми се излегува, ама и не ми се излегува.... бидејќи ми се спие А го гледам и овој другиот тука е, истовремено слушам некои срцепарателни од Тоше.... и земјотрес ми се случува внатрешен. Оф, ќе си пукнам. Сакам само да спуштам ролетни, јорган преку глава, и да отспијам до утре сабајле
Моментално како магнет. Сите некаде ме викаат и секаде сакам да одам, ама имам мноооогу обврски. Фак ју скуул!
Епа не можам повеќе,најлошто чувство е ..недела јас имам многу за учење и ке пукнам.сега кажете ми како да издрзам да не спијам цела ноќ,ќе мора да научам за утрее
Како страшен брколак*. *Заканувачки настроено суштество со тврди, темни и бујни влакна над усните со застрашувачки манири и без абер за маскирање и привремено отстранување на истите во насока на заличување на женско. Spoiler
Стандардно мрзливо и поспано.По малку разочарана сум, но истовремено многу сум среќна заради една неколку работи што се случија денес...I`m on an emotional roller coaster
Скокам до таван од среќа, бе! Си добив осмица на тест по француски, и осмица на тест по латински. Овој по латински, најдобар од цел клас. Хаааа, италијанци, дури и наставничката кажа дека сум подобра од вас И сега ми кажаа дека среќно и весело ќе можам да си се вратам во мојата татковина Македонија. Поубав не можеше да биде денов. П. С. Може згрешив тема, ама морав негде да се искажам.
Ах,знаете како велат...Ни сите успеси заедно не ми значат ништо без тебе.... Не,не ме тешете,јас....незнам веќе ништо...ДА измислев лек за скршено срце,па за миг да поминуваше.....
Изморено, а почеток на недела е... имам еден куп обврски... не се секавам кога последен пат сум си легнала пред 12, имам deadlines, што уште толку ме паничи. Се надевам дека се ке помине во најдобар ред....
Душата ми е стегната цел ден. Денес слушнав нешто од што позеленев од љубомора. Многу нетипична реакција за мене, ама денес ме обзема целата и никако да ме пушти! Не знам дали ми е повеќе мака од тоа што го слушнав, или од самата реакција. Можно ли е една проклета бројка да ми го поремети цел ден? Не е бројката во прашање, чуку чувството да се биде технолошки вишок. Или чувството дека губам некого, а во срцето ми останува еден празен дел. И секогаш со сила се трудам да задржам некои работи - љубов, страст, пријателство - не признавам дека почнуваат да се губат во времето и обврските. Во име на времето кога било се совршено. Во име на такво пријателство вечерва бев на детски роденден и се чувствував како изгубен германец, во просторија во која не познавам речиси никого, и без столче за седење. Почнувам да станувам алергична на родендени. И утрово се чувствував лост ин транслејшн, со чувство на вина што можеби придонесувам за тоа. Денес си најдов бело влакно, покрај оние две што фризерот ми ги скрати. Дури и неговите очи денес постојано ми бегаа, а кога ги сретнаа моите ми се испомешаа црвени и зелени искри. Само поради проклетата бројка, која се прашував дали е точна или не. Дури и го побарав дневниот хороскоп, за да видам што сум им згрешила на планетите денес. А тие ми викаат „Не верувајте во сè што ќе чуете“. Би сакала да беше така. Се изјаловија некои планови за утре, а важно ми е да биде се ок. А не проверив се, не успеав, и сега ме мачат сомнежи. Ми претстои пат од повеќе од два часа, кој ќе помине во разговор кој не можам да предвидам во која насока ќе се развие, ама најверојатно ќе има доза на самоодврана, и неразбирање од другата страна. Требаше да биде многу лабав ден. А нема да биде.