Како и да се чувствувам не можам да осетам, замрзната сум Преладено! Желбава за лето ми е неподнослива
Вака Цел Божји ден! Не можам да се расонам, не можам да се донаспијам! Имам голем недостиг на сон поради обврските кои ги имав во последно време, па решив утре да си дадам слободен ден. Да се наспијам убаво, да се разбудам без помош на алармот или комшиите.
Прееска нешто не бев како што треба, нешто не ми штимаше. Ама сега сум се расположила што да ви кажувам. Онака од ништо, од чиста мира.
Денес станав рано и бев ненаспиена а со тоа доаѓа зборлеста и си ги завршив обврските,се појавив на лекар,и ме утеши дека во брзо ќе биде решен здраствениот проблем,зашо иако ми фуфка се радувам што конечно за брзо време ќе се заврши се и запознав еден тип кој не треба да ме интересира и се надевам нема да се јави иако ми зема број
Евентуално. Сонував толку откачени соништа, што кога станав, морав да изедам од пастата за заби додека ги миев, за да се освестам. Камп, деца, познаници, непознаници, падобранци, параглајдери. Живи будалаштии. Премногу филмови навечер не е на арно. Не ми се оди втора смена на работа, ама ич. Губење од денот. Утре ќе си купам нешто, гледав едно фустанче во Фиори, малку радост пред новогодишната забава од работа. Да, евентуално, ко мис на Јужно Конго. И мир во светот.
Апсофакинглутли добро! Од сабајле чистам, и еве сега си исцедив сок, седната пред прозор, зјапам како манијак, и си земав нешто да читнам, после цел ден на нога.
Денес се чувствувам пресреќна, исполнета, преубаво ... Нема збор со кој би можела да го опишам тоа што го чувствувам.
Денес го убив на кратко детето во мене, море да не сум толку сурова, го избркав на игралиште нека се поигра и нека ме остави на раат, и се почуствував - како да ви кажам...возрасно. После долго думање, препотување што да се прави и како да се реши овој проблем, стегнав каиш, стиснав заби и излегов од гомцата. И сега се чуствувам - џоа пердувче. Камен паднат од душата. Некои ќе речат - осамено. Не баш. Јас одамна не сум мама меси, а тато за жал не е ни тука да носи Студот малку ми го пецка носево, затоа што зимата полека но брзо се приближува а јас сум инспирирана за големи подвизи и големи промени. Ќе биде се како што треба. Ако не биде, јас ќе направам да биде. Битно сум неверојатно мотивирана. Се чуствувам као, полетарац! Се чуствувам како поткрепа, како столб, како помошна рака. Ех. Може не родиле, не направиле, не воспитале, не втурнале во живот, но не можеме цел живот да се потпираме на нив. А јас веќе неколку години си ја учам лекцијата на самостојност. Некогаш можат и треба и тие да се потпрат врз нас. А кога знаете дека можете да им го овозможите тоа - е тоа чуство е незаменливо! Незаменливо. Среќна сум не кога можам себеси да се направам среќна колку кога можам да усреќам некој друг, а особено ако тој друг е најбитната особа во мојот живот. И да ви кажам, за крај, најискрено и најотворено, се чуствувам пред се возбудено. Ама ептен! Абе мишкава ми се навлажни неколку пати едно по друго од толкава возбуда. Нивеава ја префорсирав денес. Боже мој колку гушки сакам да делам, многу, многу, ептен многу. Крцкање на коски - гратис! Е така ми иде да си пишам на рекламно пано и да шетам низ град. Се чуствувам полна со сила и љубов. До степен да ги наречам вишок. А и да не се, кој дава - три пати му се враќа. Така да не се плашам во полн ек да ги дарувам. Знам дека е за арно. А за убаво уште повеќе. Леле ма се чуствувам вриштечки добро луѓе. АУ! Доџе ми да вриснем жими све
Подобро од вчера и завчер. И тоа многу подобро. ...Моментот беше кога пред 3 минути на сител ја дадоа рекламата за кока кола со Дедо Мраз и кога ми текна на песната се шекнав, абе, Нова Година иде, а јас нерасположена? Ноу веј. Така да, ме мавна Новогодишното расположение. Се надевам во деновиве што следат нема да ви мрчам. Доста ви беше од мене. И мене ми беше доста од мене.
Никако. Премногу емотивна во еден момент, а веќе во следниот не ме боли за ништо. Не знам како да реагирам на тоа. Не знам дали да се секирам и да се трескам од земја или да останам ладна и да чекам да сфати некои работи.