Lilit со оглед на тоа кое ти е 'името' сакав да те прашам дали знаеш како се одредува Lilit во астрологијата . Поздрав!!
Мрзелива сум денес. Си тргнав од пракса и се влечев по улицата. Можев за 15 минути да се вратам, а јас тие 15 минути ги претворив во цел час. Како што бев гладна, поминувајќи до една сендвичара уште на километар го намирисав тоа што беше од внатре. Имаше психолошки поим за ова. Не ми текнува како беше. И така моето срце неможеше да одолее на ова, нозете сами ме влечеа натаму.. и влегов. Ах внатре убавини за празно меше. Ко што сум мрза па и ова си го додадов и така мојата проба за успешна диета потонува ко титаник. Да речам еднаш се живее. Ај ќе речам! И сега. Сега се чувствувам како паразит. Паразитите се хранат од други организми. Јас не се хранам од други, но се хранам од креветот. Дигнах четири увис (ова на дијалект) и гајле ми е. Имам обврски за утре и барам потенцијален кандидат да ги изврши место мене. Но нема да најдам. Знам. Пак морам јас да бидам таа. Уф! Ме мрзи. Ме мрзи. Мрза свецка сум! Ајде може ќе ме пушти до вечер. Само на тоа се надевам..
Како Мистер Бин,....се нешто ми пага,смешна сум си сама на себе....моите дома ми се смееја на ручек,се покапав целата.сакав вода да си ставам да пијам,отиде пола чаша на блузата,..ај вода е ништо не е.ама стрвна ај благо да си кснам,и оппп шлап отиде на долната пижама...е па шта чеш.
Денес сум во љубовно расположение! Имам инспирација за учење, витамините и чајот пред мене и секако, книгата. Цел ден е пред мене, тој на работа, а јас желна за учење, конечно. Има и доза возбуденост во мене, нека е на арно.
Омалаксено,загрижено...заради лични мои проблеми,со еден куп мисли на глава.Како ли ке се реши ситуацијава не знам,само да не стигне некое плико дома....неможам да издржам.
Цел ден имам кнедла во грлово и не можам ниту да ја голтнам, ниту да ја плукнам....само ќе кажам нешто што некаде, а не знам точно каде, го имам слушнато или читнато-зошто, оооооо зошто се вика утринска мачнина кога трае цел ден
Незнам Чудно,среќно,убаво од една страна,од друга тажно заради некои работи ,крајот не ми се наоѓа...Ама ќе се обидам да ги ставам позитивните над негативните чувства
Чудно. Глупо ми е затоа што пред моите дома мора да глумам дека сум расположена и дека ништо не ми е а всушност ми се плаче . Барем нешто да беше како што треба,барем нешто
Во ред е имало и пострашни денови . Иако ме мрзи да одам па да чекам бус па да стигнам до кај тебе ама знам па ќе ми биде поубаво кога ќе те гушнам и пак иако те чекам додека станеш саат , два до три 1 декември ит филс гуд бејби