Збунето. Цел ден некако шубе ми беше да пишувам и пред малку отворам и гледам СДК затворена, многу мислења избришани . Тоа со Наташа не било вистина или што е работава? Ај некој да ме просветли.
Како најголема глупача на цел свет. Јас неќна прва и’ пишав порака како и што се случило, за некој од другата страна да ми се смее на наивноста. Е, не можам да верувам.
^ (WE) I've been trolled and (thanks God) I know it - рт`т`т`тммммммм. Се чувствувам компајлирано! :geek: Енд.
Иди пак не биди песимист потоа, кога се ти покажува дека туѓата претстава треба да ти биде очекувана. Во најмала рака треба да си ја прочитал кусата рецензија пред да ти ја приредат А, убавите моменти?! Остави ги да си бидат изненадување де. Ма никад не си ни помислил на тоа !!! Мислам wow... ни па си го очекувал дека ќе се деси Е, по оваа претстава, уште погласно си се смеам на себе си. Ама знаеш зашто, оти ако престанеш да се смееш ќе осетиш колку само боли. Оти „само боли“ и ништо друго не прави! И не е дека се битни луѓево од претставата, туку фактот што имаш повторени дејствија од различни дејатели. Не е битно тоа што ти не си бил неподготвен или си останал да го видиш и крајот без ни малку претстава за претставава, него битното е тоа што некој, од старт те сметал за помалку од себе.. Амеба?! Пф... камо ти креативност. Дај друг збор, друг. И богами, кога си оставил “убавото“ да те изненади, и после сите претстави ти имаш „аш!“ од убавото... та има ли воопшто убаво во оваа куќа бре!!! Е, тоа е Докица мој за денешнава терапија. Аста ла проксима! Тил ви мит аген мај бјутифул френд.
...хм....како се чуствувам...искрено...нешто за никаде ми е последно време....знам дека можам да го средам ама не знам оти воопшто не се ни трудам....
Како кокошка, како петле, како пиле недоквачено Леле абе 5 минути за глава се држам и се смеам.Ауу бог да чува никој да не доживее вакво чуство .ц.ц.ц Па и мака ми е што се почесто се крстам со лева река оф лелее
Искрено денес ретко некој да праша како ми е, ретко е воопшто. А полека забораваме да се замислиме и самите да си го одговориме прашањево. Ден со многу брзо темпо кој едвај чекам да заврши, ете така се чуствувам...
Сега најадено. Се будам покасно, слободен ден, цело време седам како некоја мрза пред компјутер, не ми текнува да каснам. Излегувам надвор на пола саат, студи, брате... Се враќам дома, ми текнува, ми текнува, шо ќе чекам на друг, земам тоа мевцето во фрижидер шо го оставиле мхмхмх си приготвив еден сос... За 20 минути си направив шпагети какви немам пробано во живот. Сум имала јас кулинарски вештини на завидно ниво А пред да јадам заминав под туш. Инаку има вистина во она што велат дека најубаво е од своја рака да си каснеш. До душе убава утеха, ако се знае дека јас сама ако не си спремев нешто, ќе нема ни кој И откако го напишав ова сфатив дека малку и осамено се чувствувам денес Па кога ќе подразмислам и не сакам повеќе вакви денови Сама дома уште некој саат Ајде ќе помине, белки
Ко надуван балон. Како што на балонот му фали уште малку воздух за да пукне, ете така и јас. Незнам дали сум анксиозна, но почна почесто да се чувствувам некако а да незнам како. Се плашам ли, се смеам ли, тажна ли сум..било што. Незнам од што ми е вака. Ете денес на часот по психологија ме расплака професорката. Се зборуваше за една тема, таа почна да објаснува и мене ми навреа солзи во очите. Незнам зошто, ниту од што, ниту како. Морав да и речам доста професорке. И престана. Сега неможам да размислувам од што и како е вака, зошто знам дека до одговор нема да дојдам, и ќе одам да се стоплам со бело вино. Може ќе заборавам на ова. Maybe!