Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Пааа....Ништо посебно.Како и секој ден,позитивно,срекно,расположено :)))Едвај чекам да дојдат божикните празници :D
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.030
    Допаѓања:
    108.683
    Пол:
    Женски
    малку загрижено :worried:
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Me too :( :tmi:
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Имам внатрешен немир.
    Многу внатрешен немир.
    Не знам дали не си верувам себе или не им верувам на другите. Нешто е.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Дефокусирани мисливе ми се како кубистичка слика или како пајакови мрежи распослани по дрвја како шепотливо озборување. Јас па наивно сакам да ги ловам со мрежа за пеперуги и успешна сум во истото колку и пилиштарец во соодветни услови. И не влечам заклучоци како голем број луѓе кога ќе се уморат од размислување, кога ќе размислам јас не сум одморена од размислување, па така да никогаш не научив како е да се умориш од истото. Инаку имам многу активен љубовен живот на сон, последниве две ноќи се сонував во благо еротизирани сценарија со 2 различни машки персони, првиот непознат, иако за време на сонодејствието бев убедена дека добро го познавам, вториов го знам и дури успеав да го наречам со името на мојот бивши и да го пљуснам како вода фрлена од тераса гафов и да ја искинам како пајакова мрежа сексуљаво-романтичната атмосфера, дури и соновиве успевам да си ги самоминирам и тоа не може секој :rofl:...

    Ме измачува некоја неизвесност околу некои настани врзани за овој месец, не успевам да го предвидам во целост текот на истите, иако имам направено што повеќе проектирани исходи, за кој и‘ да е лаки уан да си речам себеси - знаев! Знам дека знам повеќе отколку што сакам и тоа не ми било никогаш предност во животов...
     
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Мрзливо. Фала богу живнав последниве неколку часа.
     
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Се чуствувам многу за никаде. Имам некој внатрешен немир, ме стега левата страна не знам ме фака страв да не е срцето не знам. Ама нешто не ми е во ред. Можеби што утре треба да одам на едно место што не сакам баш да одам иако таму се е ок мене не ми е убаво не знам зошто така. Ми треба само да лежам и да се одморам, ама морам да одам. Инаку по цел дена на работа ми треба мир, сакам да сум сама на раат да си испијам едно кафе, да се релаксирам, без никој никој не сакам до мене. Се нешто ме гуши што знам што ми е. Имам потреба да се извикам или не знам што како внатре во мене да имам нешто што сака да излезе. Не знам што ми е некако сум бош ахххх ај ке биде се ок. како психа да ме фака не знам што ми е. Не сакам никој до мене, сакам сама да сум. Можеби ке земам одмор од работа да се одморам.


    Истрескав се што имав не го читајте, не го читам ни јас ниту гледам дали нешто сум згрешила баш ми е гајле :)
     
  8. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Мрзливо :yawn:
     
  9. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Катастрофа
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Чувствувам одбивност од каква било театралност, од каков било пресврт кој би можел да ми го расипе моето кул расположение овој ден. Јас сум сосема океј, сакам само да избегам од мисли и сонови кои смрдат на влага и на нешто старо.
    Бегам од стара хартија, бегам од мувлосаниот леб, оти сум алергична на пеницилин!

    Се надевам дека овој период ќе ме поштеди од глупости, не сум расположена за нив, и дека ќе ме остави да се радувам на малите нешта оти моментално нешто големо и нема!

    Него... кога пред некој час излегов од топлата када, мама ме покри со ќебенце, кое мирисаше на љубов и дом. Си замислував дека надвор има снежна бура, војна, омраза и гнев, војници на песимизмот, зли змии, изопачени мајмуни кои се катераат по оџаците на покривите, лебарки кои ги населуваат улиците... додека јас седам дома на топло и на сигурно, сместена сум во едно свето место заштитено од добрина и љубов, ја слушам тишината и звукот кој го создаваат чешелот и мојата коса и ме боли пи*ката за се!
     
  11. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Се чувствувам избетонирано. Као у лангета.
    Ме боли секоја коска заедно со сите пропратни елементи. А и десната рака три дена по ред ми е попотечена за разлика од другачка и, левата.

    Не за друго синоќа бев покриена со 2 прилично тешки ќебиња и најверојатно ова е нормална појава во зимскиот период.
     
  12. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Глупо ...незнам зошто :mm:
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Изнервирана од човештвото. Но вобудено од една страна заради мојата изложба која ќе биде префрлена во Гевгелија https://www.facebook.com/events/252464721484016/ повелете посетете ја ако сте во близина..
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Празнично сум расположена :)
    Полна куќа луѓе, течат подготовките за слава, се шири мирис на пастрмка...
    А јас покрај целата гунгула и задача за виткање салфетки и сервирање, ќе се обидам да читнам нешто и hopefully да станам рано сабајле и да одам на предавање. :)
     
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    513
    Новогодишно расположена :)
     
  16. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Онака. Сепак во секој случај подобро од вчера.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.841
    Пол:
    Женски
    Скапано.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Мрзливо и поспано. :yawn:
     
  19. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Срцето ќе ми испрсне од градиве, ах само на арно нека е!
    Иначе добро е, фала му на Бога.
    Мамичка пак ќе оди на работа, целата е ќефови а јас сум уште повеќе, затоа што нема да ја гледам дома несредена, ненасмеана. Една година за човек кој што работел цел живот е убиствена во секоја смисла ако кога ќе дојде време таа не се облече и не ја земе ташната да замине и да работи.Се осеќаше непродуктивна (иако немаше потреба од такво нешто), сите за ситница и беа криви. Му дојде крајот и на тоа :) .
    Тој е добар. Убав. Гугаме кога во живо,кога на телефон.
    Прекрасен предпразничен период.
    Време е да се потроши некој денар на украси и да си го подготвам домот за најубавите празници кои следуваат. Како кога бев мала и само скокав околу татко ми, додека тој ми ја красеше елката.
    Среќа, ах што било тоа. Само нека потрае....
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Убаво ама и не. Си имам мака што ме мачи долго време, и решив да ја тргнам веќе :doh:
    Храбра сум :muscle: