недела - тапа но, ме убива помислата дека утре сум од сабајле на училиште.. не не не не.. нема чоек шо ке ме разбуди во 7 сабајле. боже поможи.
Не сум добра, всушност нема збор што може да опише како ми е, празно, грдо чувство што ме јаде внатре.. Арно си знаев јас, нема маж, нема болка.
со оглед на тоа дека се разбудив во 7 часот, оти нели мораше да ми земат крв,незнам како стигнав до абулантата, а дома кога се погледнав на огледало, се исплашив (многу ми беа отечени очите) до пред малку бев ко будна да сонувам, а функционирав нормално, ко по навика нели, кога се вратив се напив една чаша капучино, и се чуствувам ок
Болна сум јоШ ама ќе пројде де ее не е прв пат ајде 3 ту го и одмор малку ее па празници се ближат и + ти стриптиз како играш како може да се чуствувам ? ? ВОЛШЕБНО
Продолжен ептен викенд Шо убаво ми е вака кога ми откажуваат предавања, да не мора човек домашна да пишува. Епа ме мрзи де, што да правам. Ептен мрзеливо се чувствувам. Цело утро си го поминав тука, со полно меше и шолја кафе која веќе е празна. И сега само сакам некој да ми се јави и да излезам.
Среќно со полно меше и во топла соба. Молам Бога да им даваат на мама платичка па да се заблажам со нешто...кој знае И малку ке признаам изненадена од форумот . Ме немаше некое време и сега така кога читам се чудам кадее сум . Но ваљда до мене е не до форумџиките и одредени теми... Поле за натпревар бе овааа не форумче кај што ми беше пријатно да читкам. и сега ми е не велам не, но не во толкава голема мера.
Онака,понеделнички неработно... Сакам да вежбам бокс,нема каде кај нас инаку ехее тоа вреќата што имаше да види...Сакам да бидам исполнета ама не сум,нешто ми недостига.Тоа е шта чеш!
Ми тежи главата и ми тежат облаците над главата. Како сакаш сфати го Док. Се’ е вистина и се’ е лага, кога не ти одговара да е вистина. Вајс верса, секако! Пошто, тешко дека ќе кажеш се’ некому, без да имаш доверба во него. Болно и напуштено дете на мајка ми и на татко ми сум денеска Ако не го рачунам мојов Јарич Жутовски, што повремено ја остава печката во дневна, само за да ми мјауне во соба и да го помазам. И јас му одам на гости, да ја чуваме топлината, па заедно се печеме ко две пченки на ражен и си муабетиме... - чучулигооо убава! - Мјау, пррр, пррр! Богами, добро е кога само толку кажува и не се жали ... вака само јас зборувам, она слуша. Вчера за да преминеме улица ме фати за рака и ми ја стисна ко да сум мало дете. Убаво беше де, не велам не. Ти иде да ја гушнеш и да и го бациш тоа темето нејзино со вртлачето што и се прави по тазе миење на косата. Е, тоа суштество никако не знам да го утешам, макар што е од оние што се радуваат на се’. Ама тоа во очите, е тоа.. богами не да плаши, парализира тотално те дезориентира. Среќа си се нашле бре па еден филм, пуканки, кафе, ќебе и тост им е доволно да мљацкаат со ококорени очи ко деца. Брат ми’ ми исцеди лимуни сабајлево. Еве уште ми стои чашата со една капка на дното и се мислам од прееска како да го овековечам моментот пошто не го фатив дур ги стискаше лимоните.. ме изненади бре Имаш мјау од Јаричот И, не сме убави денеска не! Болни сме си