Откако сама си го испеналив денот до срж,си дадов автогол на крајот...сепак,постојано сонувам со отворени очи. Се разбудив во 4(ам) со главоболка колку Тексас. Ми се јави од преку барата за да ме праша што ќе му дадам. Му реков гол грб,јел може?! Можеее,почестено се чувствувам рече. Мене ми дојде топлина. Му реков дека го замислувам на ден како овој,мрачен со интензивно портокалово небо пред зајдисонцето (да си ебам,што речам,се дешава,пред 10 мин беше такво),во просторија со голем прозорец,горчлив,врел чај и ...мојот грб и неговата рака на него,до моментот кога ќе се свртам кон него и ќе го допрам за лицето и толку... Му ги разбудив најубавите спомени со едно едноставно прашање и ми создаде нетрпелива желба да го изгушкам само што ќе излезе од авион! Бреј,емоции!Најпостојаната конеција која некогаш сум ја остварила. Не сакам да помислам какви језиви комплименти ми има поделено...ама замислете ме ко глуварче,ама црно глуварче со голо рамо! И обврски... Куси ми се гледаат деновиве и интензивни...ме фаќа зимска меланхолија. Нема дожд,а па не снег... И цел ден им ги гледам намргољените фаци кои утрово си ги намонтирале ко последица на петокот. Бедни се луѓево да ви кажам право... од сега,кој краде,раката крк.Се зезам! Шеритијанско право за нашиов народ бре,какво зезање. Пак се зезам! Ама да...памучно ми е! Јас мислам дека си заслужувам мека прегратка,зарем не?!
Aу, појако никад! Брате комотно можам да земам Оскар, толку добро изглумив грип и нема школо се до петок, оуу јееааа. Уствари од кашлањево, малце и стварно ме заболи грло. Ама ноу проблем, ке си дремам пред камин како маченце, со топол чај и кифли. Life is fucking GOOD.
Лошо, лошо, лошо. Сум фатила китки и сега ме чеша. Толку многу, па и болат ако ги допреш. Во фацата сум како да сум се смртно пресметала со некого. Од каде мене ме најдоа да ме фатат?? Спојлер китки*-па тоа како мозолчиња низ целото тело излегуваат.Колку повеќе фи чешаш,толку повеќе се пумпаат
Супер.Баш се чуствувам исполнета. Ама како што кажа crazylady сакам нешто ново да се случи.Секој ден иста приказна
Колку убаво толку и чудно. Ок било да можеш да кажеш ок сум денес. Денес ќе одам во мал шопинг за мојот стрелец, да купам нешто и утре да му приредам мало изненадување. Заслужил. Утре ќе кажам фала на мајка му што донела на свет такво прекрасно мило суштество кое ме прави да се чувствувам најсакана и најразмазена особа на цел свет.. Па да, денес сум онака ок.
Deneska sum onaka ..... PRaZNO Чекам викенд ...чекам забава чекам љубов и нежности .... ми требаат за да се исполнам ....
Ќе си умрам за една чаша јогурт Ме убивте со ова момево што си рипка по фемина А и од главата си патиме, од грлото исто, од нос, душа не слуша, срце куца ко да штуца.. све ни е и ништо не ни е- стандард.
После тоа што го направив Спојлер завршив дефинитивно со лингурот и не му оставив шанса да се надева супер .Еден е животот бре.Не е прв ни е последен.Мислејки дека е мојот принц од бајките испадна дека е коњот.Започнува нова ера на животот.Овојпат сигурно
Иако цел ден го поминав во трчање и правење работи во последен момент, на крај се испадна како што сакав и во најдобар ред. А сега добив вест која ветува многу, и за која утре ќе ми треба целата ваша среќа . Се` на се` , убав ден, абе не греши хороскопот на Фемина, не не . Се чувствувам лелеаво, насмеано, волшебно. Ах, нека трае, убаво е, дај Боже сите да сме така среќни како јас денеска