вознемирено и исплашено, исто како пред испит ужасно чуство кое што ми предизвикува немир и нервоза. незнам што толку се потресувам за обични работи леле тремава ќе ми уништи се...
Потопена како Титаник (заради периодот де ) и ужасно фрустрирана заради материјалот што морам да го поминам пред полагање. Па мора ли цел ден да го поминам учејќи ццц..
Никако. Другарка ми раскинала со дечкото. Направила глупост, ја прашал, му кажала. И сега е скршена. Мило ми е што мислам дека конечно ја научи лекцијата, и тоа беше првото нешто што ми текна, затоа што секогаш се трудам да најдам позитивна страна во лошите работи. Којзнае како сум звучела, особено што немав утешни зборови. А многу ми е жал, особено затоа што детево вредеше. И затоа што неа многу, ама многу ја сакам и не сакам да ја гледам скршена. Секој е одговорен за своите постапки и треба да е подготвен да ги сноси последиците. Сепак, понекогаш се надеваме дека можеби и ова ќе помине незабележано, и потоа животот ќе продолжи во нормала. Се прашувам дали јас сум подготвена.
Лошо и збунето, затоа што пак избрзав по којзнае и кој пат, а убаво велат - со ладна глава поубаво (читај, побезопасно) се мисли.
Незнам, стварно незнам како се чувствувам и зошто вака. Сум станала емоционална или што е работата?! Еве сега ми се леат солзи по лицето. Зошто?! Зошто?! Само знам дека чувствувам голема мачнина која ме стега, и посакувам една прегратка. Една вредна прегратка од било кој, за да почувствувам топлина, да се потпрам на нечие рамо и да се исплачам. Незнам зошто плачам, но знам дека кога некој само што искрено ќе ги подаде рацете да ме прегрне, јас ќе пуштам солза. Ах..што ми е..
Поспано и нервозно ... надор е - милион а се е подмрзнато а мене ме чека пат!!! Камо да имаше некој за да ми прави друштво за да не одам сама Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=brQjlXvWW68 и воодушевено од девојченцево
Bolno ...nespano, glavobolka imam cela vecer nikako da mi se smiri...nisto ne mi e pogodeno ne znam poveke uste sto da nabrojuvam......:'(
ЈУУУУУУХУ, само што го завршив проклетиот поимник. Радости, радости, радости. Што не значи дека сум слободна и немам за учење,афкорс.
Прекрасно! Цел ден ми се спиеше,ме болуцкаше глава и шмркам и зборувам на нос,но имав енергија за се! ЗА СЕ!!! Имам многу причини да бидам...насмевка во движење!