Прекрасно.. Колку ми годи шопингот тоа е чудо. После добар шопинг јас сум безгрижна, среќна, исполнета.. Абе женцки тоа ти е.
Благо носталгично (ми се оди дома) а воедно и еуфорично (за 2 недели си одам дома!) Оди разбери ме работава... ау да и нервозно...си скршив нокт,а само што си ги средив
Лошо...Пак ме нападнаа депресии Многу, многу ми е тешко...Повторно црни мисли Господе, дај ми сила повторно да бидам позитивна, оттргни ги овие лоши мисли од мене и не дозволувај пак да ме надвладеат! Не можам, не смеам да бидам ваква! Потребна сум позитивна и насмеана, ваква само можам да наштетам
Беснооооо Значи, ме изнервира една личност што толку многу ја мразам, а денеска уште дупло од тоа. Кој глупак значи!!! Добро луѓево сериозно мислат дека со лажење постигнуваат нешто? Јас сфаќам од време на време лажење, на зезање и слично, ама ти упорно да се правиш невин во секоја ситуација кога е ОЧИГЛЕДНО дека ти си виновникот...не знам, навистина останав без зборови. Да убивав луѓе на секоја нивна грешка, ќе сфатев зошто некој би се плашел да ми ја каже вистината и тоа за една најбанална ситница толку непотребна и неважна, толкави лаги. Ц ц ц значи машкиве јарци се И упорно лаже и не признава. И оди ајде обвини го, човеков ме натера да си се пресметувам со себе си дали е се во ред дури, си помислев дека можеби во мене е грешката. А работава е еден предмет во станов кој многу ми значи, го преместил на друго место и не ми кажува дека е он. А никој друг во станов немало!!! Е ајде бе, кој е ако не? И уште си го врати на место и прашувам дали тој го направил тоа ми вика не! Бог да чува, или делувам многу страшно на околинава или си мислат дека сум некоја глупачка, друго нема. И за ваква глупост јас се нервирам цел ден.
Ништо не ме допира. Сем љубовта Љубов за него, љубов за бато, љубов за мама и тато, љубов кон Мара, кон ластовичкана која самува под тераса, љубов за љубовта... Ми иде да се мушнам во една прегратка и да векувам таму. Заљубена.