Уморно,ненаспано. Потребен ми е сон. Да можам би ги исклучила сите телефони, би си легнала во мојата топла постела и би спиела 24 часа без никој да ме вознемирува. Да одморам малку од светот. Да наполнам батерии и да продолжам понатаму. Да си го вратам малку свежиот изглед на лицето, а не вака да плашам луѓе по сабајле со мојот сехи подочњак до колена. Ехх, да можам ама...
Тапкам во место цело време. Ништо не направив корисно освен што се излежувам и спијам по цел ден. Дали ова е премногу напорно за мене? Се прашувам.. Ми треба разовор, ми треба совет, ми треба..искрено лице кое ќе застане пред мене макар и да не ми е нешто близок, барем да знам дека ќе биде искрен. А јас..што јас би кажала..незнам. Стварно незнам каков проблем или што ме мачи во последно време. Само знам дека чувствувам грутка во мене која никако не излегува од никаде. Би да направам нешто екстремно, но мојата свест се плаши од тоа, но потсвеста ќе ужива во сето тоа. Знам. Каде ли јас се најдов овде да се зацрнам. Каде ли?! Ми требаат нови личности во животот. Ми треба некој кој ќе ми внесе позитивна енергија во мене. Нешто светло..
Моментално уморно, ненаспано ... Всушност ... интересно, после вчерашниот муабет со другар ми до 2 сатот и смеењето. Плус, прекрасната вест што ја дознав од него. Абе радости. Амаа ... и нервозна сум, последниве 3 дена. Си знам причина и криво ми е што тоа нешто воопшто и постои во мене за да ме замара! Ух! Заклучвам дека и сама незнам како е осеќам, а то ми е најлошо. Ајде па нека ми се стабилизира се, назад во нормала па да си поуживам и јас, зашто вака нервозна и со многу мало трпение, друг ќе го јајт на несакање!
После тоа вчера лошо се врати на старата позиција истиот ти и тоа најмногу ме нервира . Така ми е едвај чекам едвај нема да издржам инаку мора да се разговара , да се среди мора инаку
Нешто слично на предмет за обред. Voodoo doll, попрецизно. Кукла за изведување вуду магии. Оној дел од телото на куклата кој го боди злосторникот, тој ќе ми страда и мене. Ме откина дијареава, нема намера да ми откаже љубов, па маката да е позасладена - добив. Нели, очигледно бодежот е концентриран врз стомакот на куклата направена од мои партали. Колку слатко.
Мислам дека треба да си земам слободен ден- уморна сум од направава... бројки и букви ми летаат пред очи ... а пак сум пред неа .
Како да ме прегазил камион и да се вратил уште едншка да ме докрајче . Не,сериозно многу сум изморена.