пред утринското кафе се чуствував истоштено, а сега се чуствувам екстра имам енергија позитивна у мене
Денес по не знам кој пат сфатив дека секогаш кога постигнуваш успех, ќе се појави некое ѓубре од човек, ќе ја отвори својата подла уста и ќе почне да плука змијулчиња. Луѓе полни со комплекси, не знаат кај да ги лечат, па ајде удри на послабиот. Малку сум лута на самата себе, зашто мислев дека ја поминав таа фаза кога ме повредуваа зли, безначајни зборови. Ама ете, човек сум. Боли лош збор. Кој како си ја наредил. Важно успехот е тука. И задоволството. Баш како што пишува во денешниот хороскоп. „Никој не може да направи да се чувствувате лошо ако вие не му дозволите. Поработете на зголемување на самодовербата и никој нема да може да ви ја намали моќта што ја поседувате“.
Се чувствувам како да ќе се разболувам..некако цело време ми е ладно, иако сите околу мене се жалат дека пука во собата од жешко, главата ме боли, мускулите ме болат, очите ме печат..плус и во ПМС сум, треба да добијам за неколку дена..катастрофа!
Како да ме зел некој, да ме мавал, да ми рипал, да ми тропал со дајриња и тапани над глава, да ме шутирал и на крај да ми рекол, легни спиј си. И таман кога ќе си легнам да спијам, не можам да заспијам, срцето ТУП ТУП ТУП, стресот, нели... и ајде, некако, ќе се потсмирам, ќе заѕвони некој на телефонот, па ќе те скорнат од спиење и ти иде да ги отераш сите во Свирипично или Курајчино. На сето тоа, овие изгубениве од факултет ти викаат дека треба да одиш на систематски, најдоцна до минатиот петок, и да се мериш. ЈАС зимно време НЕ СЕ МЕРАМ!!!!!!
После завршена Љубов, се трудам да биде мирно, пробувам да си ги најдам грешките и барањата што барам всушност јас.. Изигрувам лавица, ама се гребам сама себе на моменти.. ах тие потраги по вистинското се мачни. Ќе мирувам ветувам..
Како испукана пушка. И тоа бунтовна некоја, малихерка. Ју виш! Да бев малку побунтовна ќе отерав се у 3 лепе. Каква малихерка, јас сум жива гума, од онаа водоводџиската. Сите смирувања и препукувања одат преку мене, и се би бил супер, да не ги впивав лошите емоции предизвикани од кавгите како сунгер. Јас не сум Ариел, јас сум сунгерот Боб. Уствари тоа е машко, јас сум Виледа. Е така, од прашок за алишта преминав во крпа за бришење. А бе да се чисти нешто. Каква симболика, ццц. Најтрагично е тоа што колку и да викам дека ми е прку глава од медијација, уживам во тоа со сите негативни страни. Да, да, од секогаш сум имала некоја мазохстичка црта А абер нема да престане. Што би рекол чоколадниот чичко Лени, Ит ејнт оувр тил итс оувр.
Среќна Некако сум исполнета со позитивна енергија и многу ми е убаво Многу се радувам!!! Спојлер (пу пу да не се урочам)
Повторно породена , да, да на денешем ден пред 4 год се роди тоа мало зверче кое уште во 06,00 сабајле ме дигна на нозе со реченицата ,,денес ми е роденден?,, ,,да,, реков јас Родител си бе, родител , убаво чувство кога знаеш дека добиваш искрена прегратка и бакнеж. Да, денес сум среќна и заљубена
Денес сум малце како потресена, со оглед на фактот дека денов треба да ми почне со нешто многу комплицирано.Сепак се тешам со тоа, само да помине 2 саат и после се ќе биде топ...
Oдморена и спремна за гооолемо учење за предвидените тестови наредната недела..Чајче за добар почеток на денот, добра песна што ме расони и надеж дека ќе го совладам целиот материјал. wish me luck