Денес се чувствувам убаво, сакам да се смеам мноогу гласно. Една мала болка во грбот... ама нема да и дозволам да ми го расипе расположението. Ноуп!
Некако тапа ,и покрај тоа што спиев 8 саати се чуствувам утепано ,најверојатно е ради времево одвратно е
Спокојна што некои луѓе знаат да проценат што е искрено и чисто, а што смрдливо и прљаво.. ете така јас ќе си останам искрената и чистата.. немам намера да газам преку луѓето за некој глупав успех...
Преморено. Не можам веќе да го издржам напорот. Многу е. И временски, и ментално. Работам, доаѓам дома, продолжувам да работам, и спијам по најмногу 6 часа. Аман веќе нека заврши годината, аман!
Како времево, тажно и лигаво и накиснато и скиснато Ај јас што сум таква сум.....ама пробав да утешам една другарка, незнам дали успеав и сега ми е на мисла што ќе биде, сакам да биде среќна. Се радував денес на пазарењето со бабичка, само и стежнало а не ми кажа да не ме секира....камен жена е! Но и каменот пука, ах бабо Дома славење имаше, солено - благо од се по малку и јас сега се чуствувам како тапан.....иако ми згорче пелин во устава (од умрените пеперутки во стомакот) Мама и тато секогаш добро ни мислат, понекогаш не се во право.....но овојпат мислам дека се и криво ми е што ТАА не го сфаќа тоа
Комотно во своја кожа,имам ден пред себе за разубавување,депилација,чупење...итн итн итн.Убав топол ден,сонцето ме израдува,...му се радувам на петочниот ден.