Е, денес ми се испомешани триесет различни чувства-заљубена, несамоуверена, уморна, збунета, досадно ми е....
Клаустрофобично. Ме стиска некој имагинарен мал простор околу мене се повеќе и повеќе, дури не ми го одзеде воздухот...
До кога ќе имам кнедли во грлово незнам....еден ден ќе ме загушат, нема да можам воздух да земам Ќе одам во планина и ќе се изнавикам, ќе го пуштам најсмешниот филм и ќе се смеам најгласно...па можеби тогаш ќе биде полесно да дишам Денес сонував нешто чудно, а за чудо и се сеќавам на сонот Денес изнудив насмевка на лицето на една 80 годишна баба и добив прегратки Денес кажав една вистина во лице на блиска личност Бев замислена, насмеана, лута, сурова, бесна, весела, мудра........коктел од емоции, чувства, расположенија.....а вечерва незнам како се чуствувам, блокирам СЕ!
Некако.... ми се спие, м? Со полно меше ќе си легнам. Чуповски си го одржа ветувањето и ме почасти со едно топло со павлака и кашкавал стопен. Оргазмично вкусно. Уште од сега им се радувам на двете вечери заедно со Сестра ми. Одамна не сме си спиеле заедно. Срцка ми е Ми недостига мајка ми. Сакав да се шверцувам со неа во автобус, но немам веќе 5 години за да го правам тоа.... за жал Убав шопинг си направивме. Прав мајко-ќеркински. Излеговме по штикли. Се вративме со штикли.... ....и со уште три полни ќеси.
Не ми се спие. Се смеев денес многу на работа. Колку е добро чувството кога си се наоѓаш на иста бранова должина со колегите и го делите хуморот и сарказмот меѓу редови, а никој не се наоѓа повреден или навреден, ами само насмеан. Слушам музика за душа, сијаличкине на балкон трепкаат и ме радуваат, си пијам полноќно какао и ме фаќа инспирација за цртање нешто по ѕидови. Многу театар во одредени луѓе доживеав, па еве громогласен аплауз да им дадам, а и да им се поклонам: Одлични глумци! Само тешко е да се живее така, еден ден сето тоа паѓа врз вас како што паѓа и завесата откако ќе заврши претставата. Се чувствувам силно и после многу време, ги гледам во очи луѓето од кои имав страв дека ме судат. Да, со став дека себеси си се почитувам и она што сакам да го кажам јасно и гласно. Нека судат, овој свет суди секаде, но правда нема никаде, така вели Ориѓански. Небото денес ќе се отвори како ладало и ќе истури еден куп снегулки. Што некому ќе му донесат ладно срце, некому топли образи. Важно е да не е тажно. Убаво ми е. Нека ви е и вам, Шилеа е топла снегулка вечерва.
Се чувствувам одлично, одморено, спремна за обврските што треба да ги завршам денес т.е со еден збор- учење... И само сакав да додадам дека одговорот на ова прашање секогаш мора да биде позитивен, никогаш не велете дека не се чувствувате убаво, Вие самите сте одговорни за тоа како ќе се чувствувате- се е во Вашата потсвест Секогаш наоѓајте работи кои ве прават да се чувствувате среќно и исполнето