Како проклет ПИРОМАН!!!!!!! Сите ќе ги запалам, сите. Тек е 11, уште некоја така ,,убавка,, новост, да ми се разубави и пролепша денот ?? Не дека вака не е милина, мислам, како тоа. ЕЕЕЕ до кое дереџе дојдов!
Амиии ...одморено ! Не ми се спие , си се најадов колку телово да ми држи топлина и можам да го зграпчам денов Ако не ме зграпчи мене некој друг како што сум вака сексуљава
Да не почнувам. Ми се лоши, препрепремногу. А и знаете како е..кога ќе си бидете онака тип топ средени, скоцкани..абе candy...на ден ко денешниов, врнежлив и глуп..поминуе некој покрај вас со кола, го погодува првиот поголем вир..и шпљааааас. Ви ги уништува сите желби, амбиции за преостанатиот дел од денот. Ете така. Па и стомачето ме боли, за главата да не правам муабет. Ај ќе си легнам..
Убаво! Многу, многу убаво! Ми поминуваат лошото расположение и мрзата кои ме држеа деновиве.. Пак ми се враќа оптимизмот..не можам да ја тргнам насмевкава од лицето, ама ако..нека стои! Не ми пречи воопшто..редно време беше да се врати на свое место! Денес е дефинитивно еден од поретките денови - оние во кои се чувствувам убаво во моето тело.. Знам дека не е совршено, далеку е од тоа..ама какво - такво, мое си е! И денес си го сакам..со сите негови убави и помалку убави делови..
Убаво...Многу подобро од вчера.Сфатив дека тој не влијае добро на мене, иако може да сум заљубена во него, а во меѓувреме еден пар прекрасни зелени очиња го бараат мојот поглед секојдневно...Во голема дилема сум
Како недостасана зелка. Та ни во сарма не можеш да се свиткаш. Ете! Тоа ми се мота цел ден низ глава. До времето е или до зелките е?! И, трет ден тој е муабетот! Епа запнав. Ќе одгатнам - што е маката со годинашните сарми!!! Будалаштини! Со оглед на чудните муабети, шушкања и хушкања, што фамилијарни, што као „другарски“... ок. Весело?! Џој ту д’ ворлд... уште ѕвончиња ми фалат на глава или врат. Ќе имам задоцнета реакција за сево. Тоа знам. Ма утре има да си се лицнам па шо сака нека е. Ќе го снема тоа грдото можеби,можеби.