Кога синоќа бев во театар актерите ме наведоа да разлислам за многу работи, и дека животот е еден. Прекрасната глума на актерката која водеше монолог, која се обрати кон нас. Седев во втор ред и од каде што можев во очи да ја гледам, ме гледаше и таа, подолго време, го кажуваше делот кој што требаше, кој што беше суров, ме наведе во дел од секунда да размислам за се..и пуштив солза. И таа заплача. Допре до мене. Почувствував вина. Незнам зошто, така ми дојде во моментот. Си помислив животот е еден. Зошто се жалиме на она што го имаме. И немаме. Се повторува повеќе пати но пак би кажала, некои луѓе немаат ништо. Сфатив дека не треба да губам минута, зошто животот може да сврши дур трепнеш. Каково е ова чувство? Сериозно?! Какво е!? Ах..
.........катастрофа...ај се надевам вака ќе ми заврши годината па се надевам во 2012 се ќе биде во ред...се надевам!
Снегот лошо влијае врз моето расположение! Тешко го доживувам времето, а луѓето уште потешко. Мразам зима. И си размислував да си ја отспијам цела со се роденден како некоја мечка, добро би ми дошло. И опааа, на пролет се будам свежа, наспана, расположена и ВОЗРАСНА...
Каков ден... џабе ќе посакам да заврши, утре не ветува ништо подобро. На работа купишта проблеми кои ќе кулминираат во понеделник. Ќерка со температура, осомничена за сипаници. И тоа во очи на детскиот концерт на филхармонија. И оваа година картите ќе ни пропаднат, исто како и лани. Во недела имаа кино и зимање пакетчиња, во понеделник детски роденде кај пријателка која не сум ја видела одамна. Договорени кафиња и ручеци со пријатели. Желба за новогодишна атмосфера низ град, и новогодишна вечер со пријатели. Ако се сипаници - ќе се бориме еден месец, едниот две недели, па другиот уште две. Ако се крајници, отидовме на операција. Трето - нема. Цел ден бев под стрес затоа што два дена ми касни. На целото зборење дека сакам трето дете, се упрпав од самата помисла - и на бебе, и на абортус. Мртва ладна си купив тест, и сега сум си мирна Убав момент беше ручекот во Пелистер со драга нова пријателка. А хајлајт - муабетот од кој искреше љубов. И толку беше - заборавив на сите проблеми само што го слушнав најубавиот глас на светот како ми ги кажува најслатките зборови. А јас, како затрескана тинејџерка се топев од муабетот, скокав од радост, а срцето му чукаше 300 на саат.
Едно гајле помалку, решен е 31.12 Париве ќе треба да ги дадам, тоа е потежок дел Облека, не се замарам во глава е комбинацијата од веќе постоечки партали во мојот плакар....а може ќе влета во окцево некое ново парче....ама планот е да се чувам за после празниците и да летнам по продавници со попусти Овој вака - оној онака сака, главата ми ја надуваа и пак џабе енергија трошев....а марфи златен таман јас пресеков и опаааа се спогодиле Ах море до кога ќе ми глумат луѓево....па ги знам јас добро што гомца се во опаковките Друга дебата денес со старион, ми ја пукна главата со потеклото и корените....ма не ми збори глупости човеку, јас немам работа парче леб да си вадам, ми е гајле од кај дошле прадедовците....уште малку вака и преку граница ќе заминам, па ич нема да ми биде гајле за некои камења во некое село Ах леле неможам да се замарам со некои тривијални работи, се замарав со самата себе 2 саати вечерва и убаво ми беше....ама се заморив и со тоа, се уморив од сама себе Нити почеток нити крај ми се знае, само знам дека ПМС ме дрма и тоа е тоа
Нервозно, тажно..... некои луѓе уште не научија каков карактер сум, иако се со мене цел живот! Епа нема да комуницирам повеќе! Не планирам некој да ми шири негативна енергија, да не покажува почит и разбирање.
Uf edvaj cekam da si otidam doma Na rabota eden ton problemi i stres , ama se pominuva koga ke me zeme vo pregratka najnezniot covek na svetov.....