Ладно. Не е топлификацијата на Скопје крива, туку тој е што ме прави ваква. Се прашувам каде отиде мојата сила и индивидуалност... what's happening?
Тотално разочарана од некои индивидуи... конкретно една личност, за која мислев дека е поинаква. Ама гледам дека си го дигнала носот во облаци и никој не и' бил рамен, се' што ќе и' се каже, макар и најдобронамерно, погрешно го толкува. Што е до мене, завршив. Нека си мисли што сака, но ако ми чепне во најсветото - нема да ја толерирам!
Се чуствувам нервозна, без енергија. мамурна, ништо не ми се прави, само дома ми се седи. причината е менструација, синоќе ја добив и од болки не заспав цела вечер.....
Станав рано да учам. Еве учам :geek: Ама џабе мавање од ѕид, сум се испаничила како некоја која појма нема, а знам дека не е така. Си имам појма јас. Ептен појма. Кликерот досега не ме разочарал. Треба и на Малото бебе да му преведам семинарска... Ќе биде и тоа. Сама дома, добро познато, посакувано и убаво чувство. А ни собава веќе не е така ладна. Не е ладна како кокА-кола в лим во мракот Шта да ви причам, I'm ептен looking forward to Нокаут во среда, што не ми се размислува за книги. Дури и семинарската моја ја одложив, а ни за „најлудата“ ноќ воопшто не размислувам. Спротивно од тоа, во последно време многу мислам на него. Си го враќам филмот од тие неколку часови што ги поминавме заедно, си враќам убави спомени и се прашувам what the fu*k went wrong?! Ама ми се чини одговор на ова прашање никогаш нема да добијам. Ете го, уклучен е. И сеедно ми е.
Еве баш ова сакам да го кажам на одредени персони: http://www.youtube.com/watch?v=PSEYXWmEse8 Само за факултетскиот систем во нашава Република и неговите припадници.
Премрзнато,умрев од студ на работа ни го исклучија парното и во капут седам. Си давам сама воља да ми биде расположението добро. Просечно.
Ко амеба, колони волвокс, или нешто такво едноклеточно. Спиев ко трупец два саати и сега не можам да се натерам себеси да се избањам, да се опраам, да појдам до банкомат и да си извадам пари, се тешам дека не ми требаат вечерва. Мрза светска! Наспроти сето ова, се радувам, зошто утре разгледуваме понуди и летови со мачорот за во Париз.