Се уште немам новогодишно расположение, ама денеска се чувствувам среќно и заљубено! Ги слушам Петар за појадок и пауза...и дефинитивно ме расположуваат до максимум Сите Ве гушкам
како снегов надвор ... ма места скоро го нема некаде е уште замрзнат .. некаде се топи ... А некаде , некаде сега се зародува ...
Читајќи си ги денешниве случки низ постовите ќе да сум имала позитивен ден. Или јас сум позитивна. А може е и до предобриот секс од вчера.
Тажно,гневно а и гревно, прилично растревожено((........се надевам дека ќе биде подобро и дека конечно ке дојдат и моите 5 минути.
Ако уште малку се потрудат со она нивното „стои на раце“ да ме воодушеват и да ми покажат како нивниот ум се кон мене или на мене.. ма врз мене ги тера, богами, ќе почнам да си се умислувам дека сум јас сврхженско биќе. Ахам! И можеби ќе беше така, ако не 29 полнев сега, мада сосем реално е да се каже дека не возраста моја е причина да не им се восхитувам на нив, пак со тоа и себе, а едноставноста на човековата акција-реакција и магијата на идиотизмот кој во енормно високи размери може да се собере во ненормално малиот размер на еден обичен мозок. Четкал зуби па се сетил на тебе и решил да ти пише. Те сонувал како сте си ги моткале јазичињата исто ко пред повеќе од 10 години пак решил да ти пише. Не му оди во животот и љубовта пак решил да ти пише. Ајдеееее слободно мислам Среќа што зад себе немам некоја бројка на ех-„љубавници“. Со вуду кукла ќе почнам да ги отерувам. Најозбилно уште тоа ми остана. И како се осеќам на речиси три дена до 29ката, пошто ме праша едниот од нив сабајлево... сенилно изгледа, пошто никако не можам да си го вратам филмот на убавите нешта пред повеќе од 10 години или пред повеќе од 4 години кога се цутело и разцутувало. Ма ајде бе човече камо психијатри за луѓево, камо?! Ради овој декември мислам ќе почнам да си го мразам мојов месец.
Денес се шуствувам многу шашаво. Шашардисано. Шабански. Шишано. Шлапано. Шврљаво. Шеќерно. Шлепано. УШљакано. Шатирано па и шутирано. Шушкаво. Шшшшшшшантраво! Шамански се шлаам низ денов. Се праШувам, дали ставаат нешто вишак во шишата ерго наргилето или во шиш ќебапот, пошто многу ми е чудно Шо ден ќе беше бе?! Го шиткам за ич пари! А шо беше Ш во БуШава Азбука? Не може да ми текне. Не е ни битно. Се смеам ко шлакната и штракната, штекеросана да не речам, а не знам зоШто уствари, кога немам посебна причина за тоа. Шлапити шлупити шљуп! Шубидуап! Шоебе? Нишобе! Зашо бе? Шобе? Шетај! Стварно, шо ден ќе беше не ми е јасно?! И не сум само јас, сите не фати некое шудно штање.
Пресреќна и прерадосна . Еден од најубавите денови . Ми беше особена чест што не удостои да дојдеш кај нас. Те сакам дадичке .
Џаст awesome!Зошто?! Па како да ви објаснам ... пунам машина со алишта,натртена така,фино и пука вентилот и толку многу шприцна,што дикректно ме докачи по задницата тој грч,ладен млаз вода. Мислам,ни во филм вакво сценарио. И да, новогодишна резолуција...trust no bitch,пошо јас сум најбољи!
Безброј обврски и врски кои ми седнале та натежнале се селат со мене во новата **12 и ми го прават вакво фацичето Ми стежат купишта глупави мозоци, ми стенкаат и кенкаат животински нагони и ме параат до коски од што се веќе чуени ах, кај човек ќе се оправи, ќе си земе замав и ќе се врати на примитивно! Денес, човекот(како да го наречам, за мене е најголемиот човек) по трет пат запали свеќа над нашето семејство за здравје и бериќет,ни донесе уште повеќе радост. И од искрената негова солза радосница, моите беа преполни со восхит и благодарност Тато свети, мама блеска, бато виртуелно не гушка и купува шише вино за да наздрави. Е тоа е прекрасен ден за малку совршен да не беа оние погоре болдиранине да ми го заматат расположението. Али полесно се дише. И ќе дишам со полни гради од нашата хармонија. Мхххххххххххххххххх Дај ми 2012ке повеќе вакви радости...па да речам оти се чувствувам спокојно
Денес..супер можам да кажам.Се оди во најдобар ред.Почнав да ја читам книгата „Порака во шише“ од Николас Спаркс, малку се одморив..на компјутер..и така..
Уффф денов ми почна катасторфално , со таква лоша вест што ми ги пресече нозете , но се распложив некако подоцна а за тоа се "виновни" моите пријатели. Сепак сум си среќничка сега без никоја посебна причина!!!!
Искрено, УТЕПАНО!!! Се преморив и не ми е до ништо.. Кај ми брмчат сите Нова Година, леле Нова Година јас гледам само креветот да го фатам и да не мислам на ништо...