Топ! Изгледа ептен ме зафатила новогодишнава еуфорија сега со мајка ми ќе одиме да гледам е низ град за утре а вечер на концерт! Се надевам на добар помин(секако ќе одам со најлудата другарка) со неа секогаш си поминувам убаво! Од денес на распуст па нема поубаво чувство конечно време да си ја дочитам книгата
Претпразнична блага меланхолија ме мава на моменти. Имам некое чудно чувство на празнина во мене. Немирно се чувствувам, а нема ниту една причина за тоа. Навистина нема!
Оф главата, оф! Да ви кажам пак ќе се менува времето....ме умре мигренава Новогодишнава атмосфера и еуфорија почна на живци да ми оди, аман нека помине! Да немав купено карта ќе ја поминев ноќта во гледање филмови на ТВ со руска салата и куфли, таква идеја ми се сврте во глава прееска Што СЕ ме чека во 2012 незнам, ама уште од сега гледам дека ќе имам една многу тешка одлука....почнав од вчера да го замарам главчево со тоа Денес бев и малку лоша, ама го претераа неможев веќе да ги слушам како се надвикуваат, а па и онаа како се нервира за глупости....сите ги построив Може нема да носам црвени гаќи, ама на нив ќе има нешто црвено сигурно Ај доста мрчам за денес, малку утре и после дури во 2012
Заљубено..... Немам вистински збор да опишам колку ми е убаво на душичката..дај Боже да потрае чувствово! Прекрасен е, го обожавамммм... Мирна и спокојна јас, еве ме денес над книга.
се трезниме некако... сепак преубаво празнична вечера ...сепак немаше многу веселбии затоа што сепак беше поромантично оваа година
Смирено, со потреба да бидам во кревет со добра книга в рака или гледајќи некој добар филм (со либето) . Тоа е тоа.
Нервозно со повремени појави на револт. Во екот на пмс сум, и мува да прелета би ме изнервирала. Плус, со смртта на Киро Глигоров, а и со било чија смрт на јавна личност, секогаш се уверувам колку се луѓето глупави, плитки и се занимаваат со тривијални работи, како на пример зошто погребот ќе биде во кругот на семејството а не со сите државни почести. И плус се отвори тема Тоше, ооо боже господе човеков го замешаа кај стигнаа, па и во смртта на Киро. Е зошто Тоше го погребале на брзинка, требало посвечено да биде, и не во Крушево. Мрднати бре, која мајка ќе дозволи детето да и се погреба во тунгузија наместо во родното место. И може требаше 3 дена во лименка да стои додека не се исплачат сите. Ау ќе умрам со луѓево. После се, кога веќе си затворил очи, што е важно како ќе те фрлат 2 метра под земја??? А друго е што се нервирам со секакви глупачи што си им корисен само кога треба да им скриеш неверство, или да им кажеш како ти поминал првиот пат за да може нели да се збори наоколу. И секако, само они паметни, имаат коментар за секого освен за нив. И не сфаќам како може да одиш со некого со години, да го изневеруваш со буквално кој стигнеш и после да плачеш по истиот кога ќе ти раскине. Кај и да се свртам се некој некого изневерува, или се некој одржува врска само од навика. Се прашувам дали луѓево имаат свест или не, зошто дефинитивно ти треба истата за да можеш разумно да пресудиш дали нешто е добро или не. Не постојат веќе нормални врски каде што учествуваат само двајца! Идам да си јадам салата сега!