http://www.youtube.com/watch?v=PQZhN65v ... ure=relmfu Никако да се најдеме по пат, пак да се загубиме еднаш засекогаш. А, баш тоа би требало да е лесно со оглед на толкуте години поминати заедно... Би требало барем ваквите работи да се познати. Кога нешто е тотално исцрпено и кога некому не си веќе потребен.. чуму сево ова и сега, баш сега?! Па човек од себе треба да тргне пред да направи било што. Не ми е јасно како може да не ги обмислат работите, како?! Растеме се развиваме, ама без особен напредок изгледа. Не мислев дека во овие години треба да се занимавам со таквите будалаштини и дворски шутови. Ама кај некои и раситнета- триесетката е само продужеток од неизживеаната пубертетска доба, па се некакви чудесии ќе те стресуваат дур те снема во буквална смисла на зборот! Не беше бре грешка тоа! Не беше за извини, не беше за правдање, не беше за молење сега, нити пак тогаш, нити било кога. Беше најдоброто срањеееее! Тој усра, јас си ги изгорев крилјата, ама си го добив тоа што ми требаше - liberation! И која себичност е тоа да се враќаш кај некого и да му велиш извини, згрешив тогаш, пак и да му ги наброиш имињата на сите твои грешки. Кој мозок човече, кој?! Згрешил ок. Јас да не побарав објаснување пак да го добивам после две години речиси. Ма ајде бре. Како не се научи светов дека избори се. И постојат за да се научиш дека кога си избрал нешто и си згрешил, нареден пат кога ќе си пред избор да размислиш, ама нареден пат, нареден избор. Не да се враќаш на нешто што не си го избрал и да викаш пу-пу не важи ова. Тиква несозреана. Хиштник! Ништо повеќе. В куќа да не ти е. Ама ок. Лекција! Нема одмаздување, нема осудување, нема ништо! Трпение и ќе заврши. Самиот ќе се угуши во патравоста и така и ќе заврши! И затоа кога ќе те прашаат, како се чувствуваш се вели: Ок еве!
Интоксицирано! Толку масно, солено, кисело, благо.... за овие два дена, ќе ми требаат два месеца да се испостам. Од кавијар до пача, од пушена свинска коленица до профитероли и тирамису... Неможам повеќе и да мислам на храна, уф Пепперминт-прасе едно, толку да се јадело без усул!
Преморена сум но не ми е мака.Прво заборавив на мојата мака неколку часа, второ знам дека сум направила хумано дело и ќе помогнам на други барем на момент да заборават на својата. Ако, не ми е битен уморот утре повторно ќе одам
Убав ден беше денес , со сонце покрај ладниот и суров ветар , сепак обожавам сонце си наполнив батерии уживав дома се одморив од нова година и прва вечер ...
Се во ред со тоа тактичноста. Ме ќејфи вистински! Оти инаку знаев да пресечам в корен од старт. И онда си пропуштил цела претстава на која можеш да се смееш... постепено, малкуцка, кроце-кроце. Или си поставил прашање и место да го ислушаш..., ти зборуваш, пак ум си му дал на неукиот и уз твојот глас го слушаш и неговиот: да, баш така! И јас така мислев! Благе везе нема! Ама веќе си ги отворил картите, што фајде. Сега тоа што ми преостана е да научам да не ми се крева веѓата, оти ме разоткрива уште пред да скокнам Мамката нејзина! Или евентуално да скокам само кога во близина нема некој, познат лик, пак да се насмее под мустаќ и опушти пред настапот. Фуцк ју бе! Фуцк ју! И мене ме смееш и ме деконцентришеш! Абе, да не се ваквите моменти ќе речеш годинава воопшто не почна, времето ич не тече, пошто ич ништо не се случува. Оставам работата да се реши сама од себе и најверојатно затоа што не ми се избира. Што и да изберам ми изгледа погрешно. И не е некој избор. Затоа и очекувам дека ќе избледее. Баш, или ќе се откаже или ќе попуштам, трето нема.А, се е погрешно веќе ама не е сеедно, воопшто не е, никогаш не може ни да биде. Секогаш сакаш повеќе.Око и душа мила. Не напразно рекле, рани душа да те слуша. А вака, празно, испразнето и едно и друго, секако, буквално секако. Ма никакво е и никако. Ти доаѓа како по скали се качуваат убијци, спремни да те одерат, а ти рипаш од 20ти спрат. Епа прашањево е, како би имал поголема шанса за да преживееш. А, да имаш и трета варијанта у ствари- да си ги пресечеш вените со лажица! Да копачиш по кожата...да се мачиш(!) оти немаш избор!!! Ма мирно е, види сунце сија, пак и ме смеат ете. Рајат на душа си имам, само другите си немаат, пак ми го рушат мојов, чунќи и мојов е кревок, м?! Е баш, м!
Не ми се оди на работа. Контрадикторно, ете така. Вчера мислев дека може да биде ок, но кога една колешка ја зезнаа, се размислив, дека може и мене истото да ме снајде било кога, било како. И се нанервирав, исплукав се’ позитивно што реков.
ооо Добро утро феминки Од сабајле денот ми почна со насмевка а планирам и така да продолжи заради плановите што си ги планирав пред спиење па ќе видиме колку ќе се отстварат.Весел ден на сите