Као мрсул! Од сабајле лежам во кревет,омалаксана,пијам чаеви,јадам супи и лижам стрепсилс.Сега ме најде проклетијо! И ќе си се кријам во креветчево дур не престанам да се осеќам као мрсул. Неќам никој да ме види и никој да видам!
Хронично ненаспана! Во последно време ме измачуваат секакви соништа. Претежно кошмари. Ме убиваат. Ми го убиваат сонот. Се будам во ниедно време, цела препотена, преплашена, понекогаш и со мокра перница. Сум плачела. Се чудам само кога ќе престанат. Кога еднаш ќе се наспијам. Било и неколку часа сон, само да не сонувам ништо. Ми ја цедат душата. Ме исцрпуваат! Make it stop!
ко утепана сум од сабајле трчам по лекари и у чекална се расправам со стари луѓе едвај чекам да си легнам
Добро, задоволна, насмеана си го добив празничното поклонче од мама и тато ...новото мобилно телефонче
Убаво и малце мрзливо. Ама нема врска тоа, јас битно си го врежав во глава вежбањето и не се откажувам. Така и денес. Расположена за вежбање!
Добро, земајќи ги во предвид околностите. Добро што веднаш превземам мерки за секој проблем. Никогаш не оставам за подоцна. И сепак нешто ми влева надеж... Тоа некако ме смирува...