Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    денес се чуствувам одлично и тешко дека некој ке може да го расипе некој тоа
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    108.747
    Пол:
    Женски
    разочарана од една личност ;(
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Жити бањарката, мократа коса и кафето што ме чека вечер - убаво ми е. Како муниција ќе го замотам новото шалче, поклон од мама и големиот сив капут. Ќе ја фатам под рака и ќе чучнеме меѓу разно-разни битиа, демек така помирно е.

    И љубоморна сум на Дузи, сакам и јас таква баба :( :(
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Како пред експлозија внатрешно, а надворешно сум како мирна езерска површина, тепсија, без ни еден единствен бран. Имам вишок чувства+суфицит од преиспитување со кој веќе потешко се справувам. Повторно стојам пред оној магепсан круг од блиското минато кога дозволив моите проекции и очекувања за друго човечко битие да ме погодат со не знам колку Рихтери и што е најтрагично го знаев исходот и предолго и предобро. Не знам зошто не спроведам успешен егзорцизам врз сеништата од минатото, еј минато дефлорирано е веќе, ова личи на глупава сага по изгубената невиност на едно време. Време кога правев проекции за иднината и занемарив дека ни сопствените дела и мисли не ги поседувам во целост за да правам глупави футуристички презентации, а јас сакав да гледам низ призма на пар...

    И сега можам да ја обвинам песната или книгата, ама не, тоа би било барање надворешен изговор за своите душевни немири, особина што ја презирам кај други луѓе кога ќе ја препознаам. Поентата е што сум уморна само од опсервацијата на онаа извештаченост која се вреднува денес. Не сакам да прочитам ни восхит, ни почит во ничии очи, затоа и нему му реков уште првиот месец еј, јас сум незгодна и во ПМС тоа е уште поизразено и никогаш не се опорави од шокот на мојата искреност. Дем, која е смислата на градење илузии за совршеност на нечија личност дури и во раниот стадиум?! Сакам да прочитам прифаќање и мир и кога беснеат урагани во погледот кој говори и тогаш тишината бучно ќе ми шепне дека сум дома. И никогаш не разбрав каква е логиката на тоа да се доаѓа потешко до елементарните потреби и чувства. Сје*ани сме сите со лажниот раскош на ласкавите и ги валоризираме инфлаторно.

    И зошто мене музиката не ми нуди мир, дури и класиката ми предизвикува бура од емоции, иако скоро сите тврдат дека го релаксира?! И да, убаво што му се порадував со време на празничниот мир, за мене голем луксуз е неговото ценето присуство и онака знаев дека ќе се растопи како евтина чоколадна глазура...
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    хмм...како да се чувствувам со ужасна забоболка :envy:
    цел ден го преспав од болки |-) :(
     
  6. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Премрзнато брррррр :worried:
     
  7. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    поглупо неможе да биде... арно почна денот но завршува катастрофално.. одамна не сум била волку депресивна а се заради една личност од која не го очекував ова.... те пцујам денес ни самиот незнаеш колкуууу.. ме разочарааааааа..
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    И на крајот најбитното ти е што се ќе понесеш со себе. А, пак никој не ти кажал дали сосе куферите те зимаат или уште на прерон ги оставаш и сосем гол, со целулитчињата, подкожните влакненца и бубуљичињата... да и стриичките(!) продужуеш даље у некое си п*чку си м*т*рину.
    Џабе ти сите муабети за сенештото, за музиката, филмот и сета уметност некогаш истресена во светов. Све те чини онолку, колку „ситна“ ти е душата. А прашање е веќе и уште колку можеш да си ја раситниш!
    Пак, битно ли е дали некому ќе молчиш цело време или ќе се понашаш како шоу-мен и ќе го пуштиш тоа одвнатре да го забавља. Ни најмалку! Ама...
    Досадно е. Ти се молчи и ти се слуша, ама не вистински. Вистински само те мрзи да ги затнеш ушите и да се лишиш од гласчињата.
    Се повеќе се среќаваш со такви со кои енергијата ти води војна на јинг и јанг, а устите(?!) уште не отворени. Не ги знаеш,не ги познаваш, ама очите ви се виделе веќе... некогаш.
    И те опкружуваат такви, какви пре би да опкружуваат некој друг. Оние кои ти звонат, сакаш да молкнат, пак оние заради кои ти руменат ушенцата сакаш да те заборават. Образите престанале да ти руменат, не?!
    Сакаш се од ново, а пак и тоа некако и не доаѓа. Не го сакаш вистински. Всушност, знаеш ли што вистински сакаш. Јок! И јок, да ти е најбитното нешто подолго време.
    Мајка им и татко им требале да ги направат од посебна материја за да можете да комуницирате. Може тоа те мачи, ама поверојатно е дека сам себе се мачиш, пак мислиш другите те мачат. Се е во тебе и се е од тебе, инаку се би било поинаку. Другите можеш да ги избегнеш, а себе?!
    Јок! И пак на истото.
    И може уште сто такви да се соберете у радиус од само сто метри, ама нит ќе знаеш нит ќе разбереш дека сте си со таквите. Секој во себе си го чува таквото, пошто од таквите сте. Па нека им го таквото, и јас си го имам... И баш таквото ме мачи.
    И ѓизди се моме, ѓизди, да не му го видат таквото.
    И така ти велам... лечиме сипаници, као... демек.
     
    На green.eyes, MSkorpionka, caroline.costa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Поспано
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Божиќно утро, смрзнав и се чувствувам како мисиркана што крчка в рерна |(
    Нема струја, нема вода, станав од 7 и стражарам ко вампир, и пижамиве ќе си ги оставам на мене, чунки да бидам комплетна :wasntme: Ако даде Господ, ќе се искапам, ако не, ќе си мирисам и уживам во благодетите на зачините ]:)
     
  11. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Поспана.. од вчерашното учење до покасно :(
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    МНОГУ УБАВО! МНОГУ,МНОГУ,МНОГУ! БОЖИЌ Е!!! :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се во едно така се чуствувам испомешано нека поминат празнициве па од февруари полесно ќе биде на стомачето . Нека е убаво зашто па да не ќе се нервирам , ќе рамислувам не не не супер сум така и ќе остане губам од лепота така овај нАли :)
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Празнично, малку пијано расположение од домашното црвено винце.
    Стомачето ми е полно, ама и душата од денешниот голем фамилијарен ручек.
    Малку некомплетно се чувствувам, затоа што тато не е со нас, ама ќе го надокнадиме изгубеното време утре :)
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не дека е тешко да се сфати, него тешко е да се прифати баш она што си го сфатил. Затоа и двојбите!
    Си се залажуваме ко мали деца, а сепак знаеме. Два пати ете реков: „Нееее! Нема везе!“, а уствари ептем „да„ и за тоа „бездушно“. Да имав десет раце сите ќе ги кренев сосе прстите расчепатени! Ама прво он рече „не!“, па си го сфатив ко сигнал - у име мирот кажи нешто друго.
    Ок! Ако тебе не ти пречи, мене.. пф.
    Steps taken forwards but sleepwalking back again. И, гордо изјавувам дека многу веројатно, море ептем веројатно, јас сум и провокаторот и испровоцираниот на крај. Е, ајде сеа.
    И кога ќе видиш, најбитните муабети, најголемите вистини меѓу нас се сите работи кои или не сме си ги кажале воопшто или сме ги кажале кога другиот не бил таму. Всушност, се се случува кога не сме таму.
    Туку натрапник. Неговата трошка беше мала, пак му дадов цела полјана сосе куќиште рустично да одмара и од енергијата моја си поделив, но не(!) се во моите соништа се вселуваше. А, ако до сега беше само поделено куќичето, денеска работната соба на таванот ми ја претвори во спална соба :|
    Па, малку се збунуев од денешниве муабети.
    Договорон нешто како да... ма луд ј*бе збуњеног, а ја сум и двете он само лудиот. Па, разбираш што ти велам, нели ]:) Епа, ај објасни ми тогаш, оти тешко ми е да прифатам.
     
  16. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Ме боли левиот јајник и десното колено. :worried: Чудна дијагонала.. :D
     
  17. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    поглупо здравје.. преку глава ми е од коментарите на моите родители и блиски роднини за покачените килограми. се чувствувам како да сум изрод во фамилијата, сите ме гледаат накосо, како којзнае колку да сум и згрешила.. неможам да ги сватам :?: ако барем малку ме сакаат мислам дека не треба да ме туркаат кон дното, ми ја земаа и последната капка волја за живот, единствено нешто што ме одржува во живот е ова „Животот е борба, а победата им припаѓа на упорните.“..
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    никако многу мизерно...пред очи ми замина со друга :'(
     
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    како да сум на распуст...:)
     
  20. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    409
    Се чувствувам силно,силно,силноо,екстремно добро. Конечно измотивирана и оптимистички расположена.Ова сум јас. Вака се знам. :D

    Само уште вратот да не ми беше укочен се ќе беше перфектно. :)