На мојот живот гледам како на големи скалила. И после секоја скала следи големо одмориште, долго, ма енормно, со огромни димензии, на човек да му се смачи од него. И не би било толку лошо да дремеш на таа плочеста маса и да чекаш да се качиш на другата скала, ако тоа не е место единствено за анализирање, каење и неверување. И додека периодот дремам на тоа место, потпрена на некој ѕид валјда, чекајќи да соберам волја за да ја кренам ногата и да направам барем еден чекор до големото скалило - јас резимирам. Смешни ми се луѓето кои порано сум ги обожавала, луѓето во кои сум верувала, начинот на кој сум пишувала, смешен ми е светот во кој сум постоела... И се обвинувам, зошто сум размислувала така, зошто сум толку наивна, зошто бре, зошто сите тие глупости? Не свесна дека сето тоа се случило само пред неколку месеци, недели, а можеби и пред неколку дена. Среќата е во искачувањето, мигот кога ќе стапнеш на некоја туѓа скала, се додека не сфатиш колку само претходната е гадна и гнасна. Да, Сизиф го гледам овде и можеби намерно ја барам мојата апсурдност, можеби се лажам дека се борам против неа инаку би дремела постојано на некое си одмаралиште. И така, се искачувам по скалила кои не водат никаде, а се мојот живот!
Наспано и одморено. Имав совшено благо утро. Куглоф, какао со цимет, моцарт кугли и Штраус во позадина снег на СЦГ, пред мене кристално јасно Скопје, а воздухов надвор свеж и ладен. Топлина во домот, мирис на портокал и цимет. Имам и нов чај од дива цреша и цимет, сеа ќе го пробам. Цимет, цимет, цимет... насекаде цимет
како и секој викенд кавги, распрафии со моите, ОСОБЕНО со мајка ми, а тато не е подобар(незнам што му текна да паузира со алкохолот) ко да сум и слугинка на госпогата 12 часа дневно, ко само за дома треба да мислам и правам како да немам свој живот, и право на одмор размислував многу на темава како да се спасам од домашниов пекол, но не гледам некој излез а мажачка ке биде од еден пекол во друг од лошо во полошо, врската станува монотона и пополека се распага немам сила јас да бидам таа кога ке ја зацврснува се на се -КАТАСТРОФА
И јас не знам...ме нервира тоа што се нафрлав и ме чеша,па сеа треба да одам на болница,ме нервира шо интернетот си игра со нас,де има де нема(море арно шо има воопшто),со моето срце барем е ок,ме нервира снегот што се раскашави цел,сеа жива вода ќе се направам,дај Боже да не настинам пак,а и не можи тој да дојди сега кај мене И се нервирам што пак се здебелив А се радувам што ќе се видам со другарка ми конечно и ќе пиеме кафенце убаво. Ајде,ќе биди подобро
Утре е убав ден. Всушност беше пред една година. А ова утре ќе е само денес. По ништо посебен ден. Само обичен понеделник. Бљак за него уште недојден. Не е фер сепак, ич не е. Ама...
Како се чувствувам.... Копав по не така далечното минато, разбуричкав некои спомени Се прашувам дали ќе можам да ги контролирам емоциите Нова година, нови лудории....а ми треба и нова облека, чувствувам дека се ќе биде ново и различно ако се во прашање делумно исти фигури
Како што може да се чуствува една жена за време на циклусот. Човече, се` ме нервира - луѓето, книгиве, времево... Стомакот ме убива од болка, башка и половината почнува да ме фаќа. Се чуствувам дебело, надуено. Како да седнам, како и да се наместам - никако не ми згодно. Аман веќе!
Фино.Лута сум на една личност, разочарана од себе и несигурна заради една работа што треба наскоро да ја направам.Бесна сум заради тоа што ќе морам да одам на глуп именден вечер, наместо да одам на една 100 пати поинтересна слава.Но, и покрај се ова, се чувствувам некако ок, не знам зошто...
Док, те предупредувам! Ова што имам да го кажам е малку безобразно, а знаеш и самиот не сум по мрсните муабети, но... Некои луѓе и кога ги е*** ќе речат тие е****, што ќе беше точно, ако имаа со што. Ете, се срамам сега од себе, но.. мисла. Знаеш како е кај мене кога ќе прелета нешто. Задоцнети реакции ко по обичај. Денов мислев помачен ќе биде, ама оти кампањата ја почнав од вчера, пак кондиционо се издиши. Но, има време, има! Его имам за скротување. Годинава ќе е во знак на прочистување и „познавачите“ така велат. И ете, луѓето си го подобруваат надворешниот изглед, како знаат и умеат, макар и пластичарски, а јас си работам на внатрешната грдосија ах! Кој ме створил, нека ме раствори веднаш! Да имаше копче избриши, ќе ја крцнев жабава жими се. А, всушност имам многу да ти кажам, ама... под око те држат Док. ...треба да престанам да мислам дека сум престрога во проценката на луѓево. Такви се бре. Ја ли да им се сеќирам?!
како да се чуствувам кога откако дозна мојата т.н. мајка дека имам хламидија и ме нарече к...а жена со заостанати свакања, заглавена во минатиот век ама ако , се надевам дека во оваа 2012 година ке си најдам работа , па нема да ме види дома фала ти "мамо" ама кога ке ти требам нема да ме најдеш покрај себе, и немој да се чудиш зошто ме нема Д О С Т А ми е од тебе и твоите заостанати свакања, навреди и понижувања
Денеска се чуствувам супер. Малку ме фаќа страв дека полагам во среда, а немам научено баш најдобро, али ќе научам до утре ваљда Инаку и среќна сум дека положив и друг испит и тоа со солидни резултати таман уште едно 100че во индексот. И денеска го добив најубавиот поклон од дечко ми за роденден книга од Николас Спаркс иако роденден ми е во четврток
ни ветерот неможе да ми ја избрише насмевката, ни студот доброто расположение едноставно доброто чуство владее во мене е сакам да остане така