Имам кнедла во грлово и превез преку очите со тоа никој не гледа како се чувствувам и зад оваа насмевка се крие приказна, море не една приказна, можам роман - хроника да напишам. Ширам позитивни вибрации, а оние спортивните ги закотвувам во мене. Неколку месеци го потиснувам проблемот во мене и во неколку наврати пробав да го решам, но се премислувам и пак продолжува истата агонија. Продолжуваат непроточенети солзи, врескања во мозокот, тага во душава и инсомнија што ме мачи подолго време. Не знам до кај ке стигнам, оставам ветрот да ме носи..
Ko недоквакана После онаа тортура на факултет, и онаа глупава средба, се чудам, кој морон јас изигравам?! Грд ден! Повеќе глупав!
Како фрлена патика во депонија :? До кога ќе дозволувам да си го уништувам животот, младоста за некој кој тоа не го заслужува??? Е*ате глупачата која сум...
Денес не е како вчера.. депресивно но сепак имам воспаление на мускули, вчера бев на тренинг истрчавме илјада кругови... и денес неможам да мрднам но расположението е на ниво
Денес сум со измешани чувства, ни самата не можам да ги дефинирам. Стандард ме пука инспирација сред колоквиумска недела, па сремам пред празен word документ додека не се доискажам. А у меѓувреме гнетам печени лешници и пијам кафе. Еден предмет од семестаров е ставен во архива. Треба да сум задоволна, I guess... А другите тек претстојат, па од нив ме фаќа нервоза. И стандард сите ми се криви.