Онака. Ништо корисно не направив, а богами ниту нешто посебно интересно. Пропаднат ден можам слободно да го наречам денешниов.
Продолжув агонијата веќе подолго време. Не мислам на проблемите само кога сум во друштво, но навечер пред да си легнам да спијам само јас знам што преживувам. Постојано ми се мотаат некои прашања во глава, а одговорот упорно го барам. Што кога си го одбрал погрешното? Што кога си го утнал правецот? Колема кукавица излегувам и не можам да се соочам со проблемот што е едноставен кога гледаш од страна, но премногу сложен за мене. Зборовите не ми излегуваат од уста, затоа што знам дека треба да пребродам уште еден тежок период сега за сега.