http://www.youtube.com/watch?v=ZHt_GzOgjvA Еве вака се чувствувам веќе некое време. Со таа разлика што, на пример, живеам во ранец, и една кеса. Спакувај овде, распакувај онде, спакувај онде, распакувај овде......И се собира во еден шугав ранец и една кеса. Моментално цел живот ми е спакуван во еден ранец и една кеса. Поразително, нали Ајде, ќе биде и во повеќе ранчиња некој ден можеби.....
Поубаво од вчера и се надевам полошо од утре Чајчето со млеко ме освежи, ама се‘ си мислам дека е поради личноста која ми правеше друштво
Грозно Asta La Vista мое лажно пријателче ... подобро е човек да е сам отколку со лош пријател покрај себе...како тебе!
Па од кога кивнав како коњ а овој мочково па имаше заспано со раката во гаќи, ама пошто бев гласна се штрекна и автоматски ја извади раката и си ја стави на лице. Идиот! Ама се смејам не можам да престанам хахахахах! Така да, задоволно може да се каже!
супер! фатив 2000 на рулет а никат порано неам играно, не сум коцкар онака појдов со другар од што немавме што дас е прави и оп парички. утре понеделнички шопинг хахах
Прекрасно. И покрај монотоното, глупо време, се чусвствувам одлично. Како се што фаќам во рака да ми се позлатува. Се надевам и вие како мене.
Нешто недостасувааааааааа... Епа баш така се чувствувам. Како на оние фотографии во анфас на кои чиниш ќе ги изброиш порите, ама од друга страна фали дел од скалпот и од вилицата. Чинам и петарда фрлена в нозе не би ме потресла нешто многу, пффф... До крајот на овој ден чувствувам дека морам да го променам начинот на кој се чувствувам т.е. си заповедам да го сторам тоа. Јес, ср!
Некако омалаксано, мрзеливо, развлечено.... наместо да излезам да ме фати воздух, јас ќе си подремам уште малце пред компјутер, па ете утре со сите сили, ќе земам ќе се изнашетам.