досадно, никако, ах времевооо на нерви ми оде, депресивно е , а ја незнам со да правам со себе , веројатно денов е да се фатам за книгата аааа
Лошо. Тежок период за мене, ама се трудам да не и се предадам на тагата, и да останам смирена и позитивна. So far so good!
се чуствувам смрзнато а би сакала да го чуствувам песокот под мене,сонцето кое ми го топли секој дел од телото, а под стапалата морските мали бранчина ме подладуваат од топлото да го чуствувам посебниот мирис на песокот и морето измешан со мирисот на млекото за сончање тоа ми треба сега ,тоа би сакала да го чуствувам,а не овој студ
лошо, мрчаторски настроено, за карање, за тепање,без ни една позитивна мисла, депресивно, а плус и имам добиено е тоа е капачето.. ете така се осеќам!
Замрзнато цел ден не можам да се одмрзнам, ме болат нозете, прстињата на нозете ми се смрзнати и потечени и ме болат Поќе не одам никаде на овај студ
Ми се мочка Епа одамна немав започнато пост на темава вака И ми се јаде. И топло ми е. А чувства малку потешко. Се рестартирав денес.
Баш позитивно расположена, иако утре полагам еден од најтешките предмети али невр маинд Сат си читкам,сат на нет си дремам и си чепкам по архивата од комп. и си се смешкам И така чепкајќи открив песна напишана од мене пред 4 год која сум ја пишувала со голем гнев, и изобилство од солзи а денес ја гледам и се смеам ах колку само се менуваме со изминувањето на годиниве Еве ја во продолжение песната да видите на мои 17 год какви маки и мисли ме опседнувале Од денес Од денес си ветувам себе Дека ќе успеам да те уништам тебе Нема да страдам и плачам повеќе јас Ќе сторам се сите да заборават на НАС! Воскресна пак душава моја Токму онаа душа која ја уби Кога најмногу беше твоја. Се надевам дека во животот и ти повреден ќе бидеш Како ми е мене сега, со свои очи ќе видeш. И тогаш кога најмногу ќе страдаш, љубовта ќе ја сфатиш И ќе посакаш да можеш, но касно ќе е времето да го вратиш. Ништо повеќе несакам твое Само си го сакам назад срцето мое... Знам дека еднаш ти го подарив засекогаш Но разбери, пак ќе се заљубам некогаш... Од денес свртувам нов лист, Животот мој веќе не ќе е ист... Од денес те мрзам јас тебе.... Те мразам ко што се мразев до вчера себе!
Еуфорично, среќно. Сега горам од енергија. Најјаките гимнастичари не ми се рамни! Правам салта, стој на раце, шпаги, ова она по соба, баба само гледа и се чуди. За Македонија се навива јако, уште пред 1 час од почетокот на натпреварот! *и да, ја напнав цела фамилија со навивањето, па бидејќи сте ми втора фамилија, ќе ве напнам и вас.
Онака се чувствувам... солидно, меланхолично, рамнодушно, doesn't give a fu*k mood, дека е почеток на ден ваљда. Допрва ќе се разгорува битката и расположението ќе се искачува.
Ко недоварен костен. Заспав во 3, станав во 9ипол. Зошто, о зошто, кога имам слободен ден, не можам да се наспијам како човек?! Аман веќе. Си читуцкам сега безврска вести по портали и чекам нафора да јадам. Мизерно, недоодморено се чувствувам. Ама после ќе морам да сменам некој животен тек, да олабавам мисли и да одлетам некаде.
Со солзи ги читав коментарите од една тема на форумот, и не знам како да се заблагодарам што имам нормален живот, со нормални родители, што немам многу - а имам доволно, што сум среќна, што имам некој кој ќе ме утеши кога сум тажна... Се чувствувам тажно, а среќно. И благодарно.