Блесаво. Т.е јас секој ден сум шашава, блесава, али денес посебно! Ич не ми чуе, како да сум на одмор а не сред испитна сесија, али ај сепак сум позитивно расположена! И уште да ја пренесав оваа енергија врз книгиве, за мераци
Ми се спие. Сабајле очите ги чувствував толку подуени (дека рано станата ) што си мислев дека секој момент ќе ми експлодираат и ќе се распрснат низ цел воз .
Денес се чувствувам прилично добро. Како за промена, ми се свиѓа хахха нестрплива сум до утре, за натпреварот во ракомет Македонија-Данска...
Леле луѓе почнав да учам! Ова мора да се прослави За награда, ќе си мавнам еден туш после. Ми студи во стапалцава, нозеве на радијатор сум ги опнала, имам џемпер врз тренеркава и не можам да затоплам соба од 10 квадрати. Е ладничко богами, да Еден камен ми се тргна, отидоа парите за кирија и сметки.
Кажи јас како да седнам да учам! Од 6ти ми почнува сесијата, јас гајле немам, а 5 испити имам! Немам волја воопшто, а 3та година сум на факултет, знам како е, навикната сум, ама ете не можам да седнам и да почнам конечно!
Денес сабота, викенд, сите гледаат да одморат.... а јас сум попродуктивна од секогаш Абе нопак човек Се‘ ми оди според планот, да не се урочам пу пу пу. Малку зашеметена бев кога станав, не знаев што се‘ ставам на лепчињата, али се освестив со крем на лице и со светлина во соба од прозорецот кој го соголив. Убаво ќе биде ако до крај се‘ ми оди вака како подмачкано. Уште поубаво ќе беше ако со време си се фатев за работа, ама тоа е. Не знам за поинаку. Сега моментално уживам, се одмарам малце, гушната со радијаторот. Жими се‘, најголема љубов ми е деновиве. Ќе си ставам на сурат-книгата In a relationship with a грејно тело Во шолјава лате со бисквити, се навраќам на детството преку доза на кофеин и се сеќавам како секогаш кога мама матеше фил за торта, јас бев таа која ги финишираше и фино полираше маталките (е де, знаете, оние од миксерот ) со јазик. И едвај чекам да си одам дома, да правиме торта, и да го правам истото. А после со муце ала гуц-гуце да варам кафе... Ајде, доста ти се носталгии и сеќавања, има време и за нив. Сега, во стил императив ти наредувам концентрацијата на друго место да ја насочиш!
Разочарано. Што од самата, себе што од тие околу мене.. Ма да, повеќе боли саморазочарувањето. Тешко се простува да му се сневиди. Залак леб в уста немам ставено цел ден..Кога те јаде нешто однатре, не ти е ни до јадење ни до ништо. И така прегладнета сум сега, ми се лоши дури.. Си варам шпагетки, ни леб немам дома, утре морам да пазарам. И знам дека ќе се прејадам од шпагетите и после ќе ми биде уште полошо од сега. Знам. Стока сум, немам ред на ништо..
Ко да имам подвоена личност, и ко да се степале повеќето во мене. Придружено со благо чувство на паника, дава прекрасна нота на расположението: лута на светот. И ПМС и овулација влијаат на мене, а и месечинава нешто ми се накострешила. Тешки конфликти се водат во мојата потсвест. Ах Продиџи, only you can understand me http://www.youtube.com/watch?v=rmHDhAohJlQ&ob=av2e евентуално и Лана. Лана е супер, на моменти само. Хаос и лудница.
Јас се спремам да пеам шеќерна - ти калеша неверна, кога тоа испадна тетка црвена Сега се чуствувам како кајгана, не всушност како неуспешен обид за јајце на око на кое му се дупнала жолчката и се рашлакало Еден план изгледа нема да се оствари, ама мора да се навикнам дека неможе СЕ да биде според мојата замисла и како во моите соништа. Многу сонувам, денес цели 11 часа спиев Слушнав и една реченица која не беше наменета за мене, ама се пронајдов.....за нешто да биде, треба да се сака тоа да бидне, со сила убавина не бива! Знам, знам, знам.....а што дека знам, кога се правам глупава, слепа и глува понекогаш Мора нешто добро и мене да ме чека таму некаде....би требало.....се надевам
Моментално.. пресреќно. Ми трбаше вакво чувство, долго време го чекав. И убаво ми дојде. Убаво всушност ми започна последниот ден од распустов.