Го бараш мистер несовршен, доволно прекрасен, твој, љубовен... и на крај го добиваш спакувам во прекрасен спој на карактер, интелегенција, лепота, а ти како морон си се зацапала по другар му никаков што не те рецка...... па ми иде да се обесам :/ fuck fuck fuck Фино помина денов, уште да седнев да читнев нешто за на факултет арно ќе беше... пак нема да знам главата кај ми е... него ај...
Денес се чуствувам изневерено, од самата себеси, во минатото животот ме научи да не верувам ни на сопствената сенка, ама јас пак бев наивна и му верував на некој што мислев дека треба да му се верува, дека е созреана личност, ама за жал истата личност направи денес да се скарам сама со себе, и никогаш пак да не му верувам на луѓето бидејќи сите се лажговци, како и мојот дечко, што сега незнам што да правам сварно се чуствувам осамено, и изневрено, како да сум сама на овој свет не барам совет само морав некаде да се излеснам и да кажам.
Ко гурабија... да ме лапнеш и да се засркнеш. едит: и како да му пишеш, сречан ти роџендан сине, без тоа да значи дека си фрлил ракавица за да повлечеш муабет во кој битното прашање ќе е - реши ли оти не, не решив, и не знам дал ќе решам и зашто да решавам, па макар не до овој 30ти, туку до 31 декември да е рокот. Нели има друг начин и за решавањето и за роденденов
Како темпирана бомба.. Како се приближува денов се мислам дека помалку знам, и сум се понапната ипонапната, се поуморна и со помал елан за учење Дај ми сила уште малку да поминат овие 3-4 дена после ќе е подобро. само без пиштолчето, не сум до таа мера, не се давам лесно!
Влажно.... ...во десниов ракав од тренеркава. И го знаете ли она чувство кога ви е ракавот воден, а одозгора имате уште нешто и автоматски ви се водени сите слоја облека во тој предел. Епа така се чувствувам и ме нервира ужасно. Денес бев ужасно непродуктивна. Катастрофа. Ама па како да ми беше потребен мал одмор, ручек и кафе со колешките, потоа мала прошетка. Но иако непродуктивен за мене, за другите беше супер исходот. Бебињава имаат чисти крпи и постелнина, а бабичката на автобуска успеа да си замине дома порано од очекуваното затоа што беше доволно фина да ме замоли, а јас сум доволно совесна да и‘ направам услуга. Ми студи во десново раче. Левово си го топлам на радијатор. Убава музика на радио, јас желна за дискусии во 2 по полноќ. Конечно се враќам во старата форма Не ме бидуваше кога си легнував пред 12.
Многу некако среќно! Дали дека излегов од станов, се прошетав до факултет, или дека му го чув гласот... не знам .. ама убаво ми е на душава
Ваква сум,ама и покрај тоа не дозволувам настинката да ми влијае на убавото расположение...ретко се случува без причина да сум убаво раположена,па да искористам