Онака... океј. Ни плус ни минус. Добро, можда малце повеќе накај плус сум. И добро е. Нека тера. Едно гајле помалку.
Двете над мене^^^ :up: Јас станав таман, поработив и му ја здувнав, си поминав одлично кај баба му на дечко ми, ме избаци што да ти кажувам, малку сум гладна ам сега доцна ми е идат празници, тогаш ќе сум стрвна, подобро да погладувам некој ден Што должам за џабе:ептен сум хепиии
Денес се чувствувам како голем дел од мене да го нема.Солзи ми навираат на очи Лелееее секогаш сум ваква кога имам добиено.И да не заборавам-имам голема желба некому убаво да му се изнавикам :evil:
Ах бре Емче, многу бев пребирлива денеска, не сакав да јадам ништо, ти кажав празници се ближат Додуша окркав едно парче пита со јаболка, ама само тоа
Хммм...да видиме. Денов ми започна прилично фрустрирачки кога на пат за на работа установив дека сум заборавила една битна ствар дома и цел пат си повторував и се прашував како е можно да сум толку глупа и да заборавам.После се покажа дека и не била така битна,односно дека се помина некако и без неа,а може и се тешев во стил кисело е и онака грозјето. На работа same old-same old,освен што колешката ми беше во некое екстра high расположение,кое се надевам не е резултат на некоја недозволена супстанца .Е после тоа бев на кафе со многу драги луѓе и муабетот со нив направи да заборавам на се,апсолутно на се и за момент да се исклучам од моите не баш позитивни мисли и емоции. :up: за нив. Кога се вратив дома имав наплив на негатина енергија се до моментот кога ми се јави другар ми и ми соопшти дека му се случило нешто многу убаво и како директна последица на таквиот развој на настаните,нормално-треба во најскоро време да чести. Значи,да резимираме,горе-долу солиден сончев ден исполнет со многу убави и весели моменти... кои им се случуваат на сите освен мене,али ај сега да не ситничариме. :mrgreen:
Што ти е животот бреј!! Река од промени.Денес си тука, а утре којзнае каде.Дур да трепнеш ти се свртил светот.Лета времето.Навиката е ужасна работа.Не лесно срцето да го чуваш отворено, но затвореното ќе ти ја затруе иднината. Многу луѓе прелетуваат низ животот, но само некои удираат печат во душата.ДА, имало замерки, несогласувања, позеленување од бес, но сето тоа останува закопано во незаменливите чувства на преголема блискост и срце поплавено од насмевки. Се чувствувам скапано! Се замислувам понатаму како свој човек, нечија усреќена сопруга, нечија посветена и грижлива мајка, која на моменти потајно копнее да го врати времето назад , повторно да ја почувствува невиноста на наивното детско срце и здивот на раната младост, слаткиот вкус на лудостите, неискуството и неиспишаните страници од животот. Независноста се подлабоко ми навлегува под кожа.Секој ден станува авантура.Предизвиците и искушенијата земаат се поголем замав и себично ја трошат резервно складираната сила.Адреналинот почесто отскокнува од нормалната оска. Која сум бре јас !?! Не можам да го препознаам во себе веќе она мирно девојче.Не можам да се вратам на чувствата од вчера.Толку промени околу мене, но уште толку во мене. Самодовербата варира! Денес ептен слабо.Ќе ја надокнадам ли некако или ќе ме држи некој период, не знам.Туку ај, може денес ќе има позитивен сплет на околности.
prviot raboten den super mi pomina sea malce si se ospustam so tv i net i posle ucenje za utre ali super raspolozena
Убаво, пролетно, полетно... навистина не беше сè така убаво досега, ама пак, повеќе имаше убави и интересни моменти... сепак, животот е убав!
Без врска. Останав сабајле до 6.30 за да завршам нешто за на работа, за да ме искараат дека не сум го завршила порано. А и да сум го завршела немало да го види никој, ама ај. Ме искараа и за се живо уз тоа. Ми се спие, ми се плаче, имам листа задачи што треба да ги завршам, а никако да мрднам!
грозно ,луто, бесно, разочарано, и ми се плаче, сакам да одам некаде во некоја шума и таму да живеам со некои домородци, барем тие се понормални од стокава која ми се прави дека е интелектуално сустество, а нема појма од ништо . зошто на овој свет постојат луѓе кои се способни да ја уништат туѓата среќа????
Во ништо не сум сигурна повеќе... се некако ми се измести, ми се измрда и не знам веќе што е што. Не знам ни што со себе и тие некои погледи и планови што ги имав за иднината не ми се сигурни веќе...тотално разочарано
каков позитивен ефект има на мене еден убав долг и искрен пријателски разговор се разбира кој за што - жените за мажите ама убаво е кога имаш со кого да ги споделиш работите што ти се случуваат и некој да те ислуша без да те осудува и да ти превртува очи
чудно...без врска скроз... :? како да сум заглавена во една стаклена кутија низ која непробива звукот.од едната страна гледам среќни ликови кои играат и се радуваат,на другата загрижени ликови кои чекаат на милост или немилост од судбината,од другата себични ликови кои чекаат се од другите... оставена сум во средина... се чудам,набљудувам посакувам да ги досегнам и скршам големите стаклени страни,да викнам силно,да се освестам,но неможам... Се чувствувам себично,исфрустрирано,растегнато,искористено,тажно... :?
Денес баш онака ЛАЈТ .. Посабајлечко кафе со другарки , потоа ручек па на козметичар и шопинг со братучетка .. Ова временцево сабајле беше ептен супер , сега нешто се расипа ..
денес ми се случи истото ај ем вери хепи затоа што се видов со многу драга и блиска личност после долго време и ептен ме исполнија длабоките и искрени разговори...
Прво бев ептен исфрустрирана (добро, не баш ептен) за нешто за кое баш и немаше потреба да го правам. Но едно кафе и две прошетки, плус уште кога ќе си бендисаш нешто ново, ме расположија. Кафето и многуте часови поминати со друшки ми беа кулминација. И плус, обожавам да пешачам. Би отишла до Кина и назад.