Се чувствувам спремна, а абер немам! Ми летаат мисливе, мува не ме лази, а треба да чувствувам вина. Се чувствувам задоволно, а ништо не е доволно... И што сега можам да правам освен да дремам и оставам се да си тече онака како што тргнало
Денес е многу убав ден, се е премногу опуштено, топло по дома, кафенце, цигарче, муабети по форумов. Со еден збор совршено
Ненаспано и разочарано од себе. Најлошо е кога ќе се разочараш од себе си бидејќи кога не можеш да направиш доволно за да бидеш горд со себе, што останува кон другите? Доаѓа пеколот наредниве месеци, дефинитивно.
Се чувствувам заљубено... и тоа скришно... забрането... чудно ми е, но ми мами насмевка на лицето, и ми го стега срценцево
денес се чувствувам онака средно со измешани чувства...малку сум тажна затоа што работам во далечна земја,моите најмили се далеку од мене,но сепак и среќна и задоволна затоа што работата тука ме исполнува...за жал тука често пати кога ќе ме фати тага немам на кој да си кажам и не ретко пуштам по некоја солза и ми олеснува на душичката....
Прочистено, ново. Си го направив најубавото кафе утрово, си пуштив Бон Ивер, надвор врне лек снег, си читам дневни е- весници и уживам. Сама сум дома, топло ми е. Ги сакам ваквите неодредени смирени денови. Кога немам план, немам стрес, немам очекувања, се имам себеси и својата внатрешна радост и си пловиме. Да, денес сум во контакт со себеси, интензивно, и си кулираме.